Штип

Објавил: Калина Мартинска | 11 март, 2025 10:50

„Никогаш да не се заборавени“ – Штипјани одбележаа 82 години од депортацијата на 535 нивни сограѓани Евреи во Треблинка

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Со поворка на живите, Штип им одаде почит на своите сограѓани Евреи, кои пред 82 години беа депортирани во логорот на смртта во Треблинка, Полска и безмилосно убиени. И по толку години, од кобната ноќ помеѓу 10 и 11 март се уште се силни спомените за 535 Евреи од Штип, порача преседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви.

„Македонија и депортрираните Евреи кои се некаде 98%   од еврејската популација во тоа време секоја година се потсеќа на жртвите од Холокаустот. Јас сум му благодарен на градоначалниците на Штип, Битола, Скопје, на Владата, на сограѓаните на Штип, што никој не ги заборави своите сограѓани“, порача Пепо Леви, претеседател на Еврејската заедница во Македонија.

Ученици и граѓани со транспаренти во рацете на кои пишуваше „Никогаш да не се заборави”, „Јас се сеќавам” упатија јасна порака дека овој ден треба да биде поука, за како во иднина да изградиме подобро општество кое ќе биде еднакво за сите.

„Го одбележуваме датумот којшто никогаш не треба да се заборави, но и да ни биде поука за во иднина да имаме повеќе толеранција, соживот и да градиме едно заедничко општество без разлика на етничка, верска или било која припадност за сите“, изјави градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

Комеморацијата започна со седница, а буќети свежо цвеќе беа положени пред Споменикот на депортираните Евреи. На 11март 1943 година ,7144 Евреи од Штип, Битола и Скопје, беа  однесени во Треблинка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.