
Свет
Во последните пет години од 2015 до 2019 ќе биде најтоплиот период како никогаш досега регистриран на планетата, по врелото лето 2019 година, соопштиле денеска ОН на самиотот за климатските промени кој се случи во Њујорк.
Просечната температура во периодот 2015-2019 ќе биде повеќе од 1, 1 степен целзиусови во однос на периодот во 19850-1900, покажува извештајот која го објави Светската метеролошка организација, која го дава ги дава актуелните состојби за планетата.
Најновите податоци ја потврдуваат тенденцијата во претходните четири години кои веќе биле најтопли некогаш забележани, односно од 1850 година. Исто така се занело дека јули 2019 година ќе биде обележан со повеќе топли бранови посебно во Европа, и да е ќе го достигне апсолутниот рекорд за висината на температурите.
Јагленот, нафтата и гас продолжија да растата и во текот на 2018 година. Емисијата на гасови пораснале, и во 2019 година ќе биде речиси на исто ниво како и со 2018 година предвисдуваат научниците на ОН.
Концентрацијата на јаглерод диоксид во атмосферата се очекува да достигне нов врв до крајот на 2019 година, според првичните податоци, односно 410 делови на милион. Според сегашните заложби на земјите да ги намалат нивните емисии, планетата ќе биде потопла за време од 2,9 до 3,4 степени Целзиусови до 2100 година.
И од тие причини прозилегува дека напорите на земјите за борба против штетните гасови треба да бидат засилени за да се загрее плус 1,5 степени Целзиусови, како што е предвидено во Договорот од Париз 2015 година. Или барем тројно за да се задржи температурата на плус два степени Целзиусови, што е максимална граница според тој договор.
Во реалноста, затоплувањето би можело да биде дури и повисоко, според неодамнешните модели на клима, како што е оној што го предвиде францускиот тим кој предвидува најлошото сценарио на седум степени Целзиусови пораст на температурата.
„Раскотата никогаш не била толку голема помеѓу она што светот сака да го постигне и реалноста на климатските планови на земјите“, предупредува во извештајот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.