На крајот на декември 2019 година, вирусот се појави во кинескиот град Вухан, економски и индустриски центар на провинцијата Хубеи, во кој живеат околу 11 милиони луѓе.

Објавил: Мирко Бачиќ | 29 февруари, 2020 9:37

НИКОЛАС МАДУРО ПОРАЧА: Коронавирусот е исмислен како биолошко оружје против Кина

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро верува дека коронавирусот е направен како биолошко оружје против Кина, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Венецуела.

„Глобалната анализа покажува дека коронавирусот може да биде вид создаден за да се води биолошка борба против Кина. Сето ова покажува дека е крајно време да се објави јавно, да се подигнат аларми за да се спречи употреба на коронавирус против Кина и другите земји“, рече Мадуро, пренесува Тас.

На крајот на декември 2019 година, вирусот се појави во кинескиот град Вухан, економски и индустриски центар на провинцијата Хубеи, во кој живеат околу 11 милиони луѓе.
Според најновите податоци, починаа 2.924 луѓе, а 85.200 луѓе ширум светот се разболеле.

Во Македонија се препорачува откажување на сите поголеми јавни собири до 6 март, соопшти Владата вчера, по откривањето на првиот случај на заразен со коронавирус во Македонија.

„Истото се однесува на сите други поголеми забавни и културно-уметнички манифестации. Пазарната инспекција и Агенцијата за лекови се задолжуваат да контролираат колку заштитни средства има во аптеките, и ако се забележи дека скокаат цените, да постапат според надлежностите. Се задолжува и Црвениот крст да испрати волонтери на граничните премини за да ги анкетираат лицата што влегуваат во земјата“, пишува во соопштението на Владата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Криза

Катарската телевизија Ал Џазира објави дека талибанските бунтовници се приближиле до аеродромот и испукале неколку предупредувачки истрели со цел да ги растераат луѓето кои се собрале таму.

ТАЛИБАНЦИТЕ ГИ ПРЕКИНАА СИТЕ ЛЕТОВИ ОД КАБУЛ

Талибанците денеска соопштија дека времено ги прекинуваат сите летови од меѓународниот...

Директорот на Цивилната заштита на Хрватска и министерот за здравство го посетија местото на кое утрото, на автопатот Белград-Загреб, се случи тешката сообраќајна несреќа, откако автобус со косовски регистерски таблички, од непознати причини, слетал од коловозот.

Загинаа девет патници и еден од возачите, девојче меѓу тешко повредените

Директорот на Цивилната заштита на Хрватска и министерот за здравство го посетија...

Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, преку Твитер, соопшти дека за Кипар заминуваат два грчки канадери за да помогнат во гаснењето на пожарот.

Големи пожари на Кипар, се евакуираат села, а земјата бара помош од ЕУ и Израел

Кипар побара воздушни средства од Израел и Европската унија за да помогнат во гаснењето...