За реализација на овој план, однонсно создавање нов град со околу 10.000 жители била задолжена Агенцијата за просторно планирање.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 септември, 2020 11:51

Никола Груевски имал план за создавање нов град: Еве каде требало тој да се наоѓа

Фото/Текст извор: ©инфомакс.мк

По 10 години владеење, ВМРО-ДПМНЕ, веќе 4 години не е на власт. Во периодот на нивното владеење се случија поголеми промени во државата односно по промената на изгледот на главниот град Скопје со прокетот „Скопје 2014“ и изградбата на неколку клучни автопатски делници, како и други капитални инвестиции во областа на спортот културата, образованието и здравството, Владата на ВМРО-ДПМНЕ планирала изградба на нов град во Овчеполието кај месноста Алакинци, дознава Инфомакс.

За реализација на овој план, однонсно создавање нов град со околу 10.000 жители била задолжена Агенцијата за просторно планирање. Таа требала да изготви план кој при крајот на мандатот бил готов, а со никнувањето на новиот град би имало евтини социјални станови. Архитектот Вангел Божиновски пред неколку години ја потврди оваа информација и рече дека тој бил оној кој ја завршил работата и проектот веќе бил започнат.

-На тој што ми текнало ваква идеја сигурно направил некаква анализа а јас бев човекот кој ја заврши таа работа со оглед на тоа што процесот беше веќе започнат. Јас мислам дека тој град би бил функционален и профитабилен. Идејата беше на почетокот таму да се населат 10.000 жители. Според планот требаше да се изградат станови кои би им се продавале на млади брачни парови кои за тие станови би плаќале 150 до 200 евра кирија се додека не ги исплатат тие станови, изјави пред неколку години архитектот Вангел Божиновски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Хоти на средби со Ахмети и со Џафери: Македонските компромиси со Грција и со Бугарија да бидат референтна точка за дијалогот Белград – Приштина

Ахмети, Компромисите на Македонија требало да бидат бенчмарк, ајде мајката?

Косовскиот премиер упатил честитки за значајните промени, исклучителните реформи...

„Светот се освестува на опасностите од доверувањето на клучните комуникациски мрежи на непроверени и ризични производители.

САД и Македонија го потпишаа меморандумот за разбирање за безбедност на 5Г технологии

Најпогодени со потпишувањето на овие меморандуми се кинеските телекомуникацикси...

Ќе се борам во името на оваа моја генерација во политиката да докажам дека можеме поинаку од сѐ што до сега сте виделе.

Мораме да станеме бранители на моралот и етиката во политиката, порача Мицкоски!

Прифаќање на предлогот Гоце Делчев по националност да биде прогласен за Бугарин ќе...