Груевски по тајната средба во стан во Будимпешта заминал на забава на брод.

Објавил: Рејхан Бајрами | 10 јуни, 2019 11:39

Еве колку тешко живее азилантот Груевски- се “ЖУРКА” во брод на Дунав!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски и понатаму е на мета на унгарските новинари кои непрестајно го следат неговото движење.

Бившиот премиер на Република Македонија и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, беше виден на прием на еден од бродовите на Дунав во Будимпешта. Новинарот Балаж Цеко објави фотографија на својот Твитер профил каде се гледа дека поранешниот премиер е во друштво со неколку мажи.

Унгарски портали пишуваат дека Груевски, кој со помош на унгарски дипломати пребегна во Будимпешта каде за брзо време доби политички азил поради неговата загрозена безбедност, не изгледал како да е во опасност кога пред неколку месеци, налетал на еден од нивните читатели.

Како што пишуваат тамошните медиуми, Груевски во Будимпешта е сместен во познат и луксузен хотел во градот, излегува на прошетки, многу често џогира, има посети од блиски лица од Македонија и е во потрага по постојано живеалиште, надвор од хотелски објекти.

Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, беше прогласен за виновен во случајот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) познат во јавноста како „Тенк“ кој се однесуваше на набавката на луксузниот блиндиран „мерцедес“ и осуден на две години затвор.

А додека пак поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, исто така беше прогласен за виновен и осуден на шест ипол години затвор.
Груевски беше обвинет за примање награда за противзаконско влијание, додека Поповски за злоупотреба на службената положба и овластувања.

На обвинителната клупа беше и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, на која поради ризична бременост и беше раздвоена постапката, но сепак пред неколку месеци таа беше осудена на 4 годишна затворска казна.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Излегување

Откако речиси цела вечер нашата претставничка Тамара Тодевска беше на врвот на табелата, одеднаш дојде до пресврт, по што победи Холандија, односно претставникот Данкан Лоренс со песната „Arcade“. Но едно е сигурно, да се прашуваше само публиката тоа не би било така.

Публиката не ја одбра Холандија за победник- ако се земеа предвид само гласовите од телеволтинг ќе победеше земја која не беше ниту во првите три!

Овогодинешното издание на Евровизија која се одржуваше во Тел Авив, може да се каже...