Министерот за надворешни работи со колкетивни навреди кон ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните

Објавил: Узунов Бобан | 12 јуни, 2019 9:28

Никола Димитров со скандалозни навреди кон партијата ВМРО-ДПМНЕ: Тие се болест и здружение кое се бави со црна алхенија

Фото/Текст извор: ©магазин

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров преку социјалните мрежи се обрати по серијата писма на кандидатите  кои се однесуваат на конкурсот во МНР кои го изразуваат своето незадоволство на начинот како се вршат вработувањата на министерството.

Министерот Никола Димитров во јавноста е познат по неколку скандали во врска со неговото работење. Така неговата ќерка експресно доби стипендија од 40.000 долари и тоа во еден ден, а неговата внука унапредување во Министерството за култура. Но министерот Димитров за кандидатите за вработување во МНР кои завршиле на престижни светски универзитети објаснува дека имало законски пречки да бидат ангажирани, а немало законска пречка неговата ќерка и внука да добијат стипендија односно унапредување.   


Министерот за надворшени работи наместо да даде одговор на обвинувањата за партизацијата во МНР и зошто кандидати кои завршиле на престижни светски универзитети биле исфрлени од конкуренција, тој со речник кој не доликува на прв дипломат во земјата упати серија навреди кон политичката партија ВМРО-ДПМНЕ a со тоа колективно ги навреди сите  нејзини членови  но и 380.000 граѓани кои гласаа за ВМРО-ДППМНЕ нарекувајќи ги “здружение што се бави со црна алхемија”и “болест наречена државата е партија” и “творец на болести”


Во прилог фејсбук статусот на министерот Димитров:

Болеста се жали на лекувањето

Човек не смее да престане со растерувањето на маглата. Во спротивно, ноќта може да се преправи во ден, и покрај темнилата.

Здружението што се бави со оваа црна алхемија, во улога на опозициска партија, денес пред МНР јавно обвинила за партизација, користејќи го актуелниот конкурс за вработување на млади дипломати.

Еве ја вистината. Во МНР нема ниту едно постојано вработување на дипломат во изминативе две години. Има само едно преземање на експерт од друга институција. Во две години. Имаме актуелен конкурс. Се подготвивме добро. Направивме нови прашања за кандидатите од областа на надворешната политика. Разговаравме со реномирани странски амбасадори акредитирани во Скопје, со молба да присуствуваат на завршните интервјуа, кои делумно ќе се водат на јазикот за кои кандидатот тврди дека го познава, како мои специјални советници. Зошто? За да дадеме посебен легитимитет на натпреварот на способните, за да имаат сите еднакви шанси. Се обидовме, преку социјалните медиуми, да ја објасниме подробно процедурата.

Во првата фаза на конкурсот, одлучувачки надлежности има Агенцијата за администрација, која постапува по одредбите на законот и проверува дали кандидатите имаат доставено комплетна документација дека ги исполнуваат пропишаните услови. Постапуваат по закон што за мој вкус е премногу ригиден и треба да се менува. На пример, законот не дава можност од дополнително доставување на документи кои недостасуваат (имав посебен состанок на оваа тема со Агенцијата пред да го објавиме конкурсот). Во оваа фаза, МНР има крајно ограничена можност да влијае врз оценката за документацијата. Или ги има сите документи или ги нема. Вината не би ја префрлил ниту на Агенцијата, туку на нефлексибилноста на законот за административни службеници, што мислам дека треба да се измени. Посебно е прашањето што дипломатите, со оглед на спецификите, треба да се изземат од системот на државни службеници и во делот на вработувањето, за одговорноста, постапката и политиките да бидат во МНР. Но, додека тоа не го направиме (работиме на нов закон) за нас, посебно во оваа фаза, е надлежна Агенцијата и должни сме да го применуваме и почитуваме Законот за административни службеници. За жал, реакцијата на неколку се чини одлични кандидати, револтирани од ригидноста на системот, беше политички злоупотребена токму од болеста наречена “државата е партијата”.

Конкурсот ќе го спроведеме и ќе обезбедиме еднакви шанси, во рамките на овој закон. Ќе разговараме со оние кои според биографиите се супер квалитетен кадар, но кои не успеале да ги соберат сите потребни документи навремено, односно да излезат на крај со ригидноста на Законот. Конечно, тешко, но сигурно, наоѓаме начин и да го одврземе чворот на супер брзите унапредувањаа, доселениците од страна што стекнале високи звања преку ноќ и другите партиски болести што ги наследивме, додека способни луѓе со години биле држени на најниски рангови. Сите амбасадори кои ги упативме досега се дипломати од кариера. Ја враќаме честа на професијата.

Штом творецот на болеста вреска, очигледно лекувањето има резултати.

Ќе направам за ова тематски прес штом се вратам дома.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Германски Шпигел наведува дека аферата “Рекет” предизвика политички земјотрес во Македонија, при што осомничена е хероината на револуцијата, Катица Јанева.

Јанушев се огласи по објавите во „Шпигел“: Кој ќе биде следен со оградување и откажување од Зоран Заев и СДСМ?

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, по објавите на Германски Шпигел...