Никола Димитров фатен во тесно

Објавил: Узунов Бобан | 23 септември, 2019 8:53

Никола Димитров фатен во тесно: Сведоци тврдат дека знаел за рекетот и се обидел да го заташка !

Фото/Текст извор: ©магазин

Министерот за надворешни работи Никола Димитров повеќепати потенцираше дека тој ниту знаел, а ако знаел за рекетот кој (патем) му го пријавил еден нерезидентен амбасадор ќе пријавел во Обвинителството, уредникот на Инфомакс Александар Митевски, заради јавен интерес, го потсетува за хронологијата на настаните, но и дека навистина знаел дека еден бизнисмен (помеѓу останатите) бил жртва на рекетот на СЈО, Боки Тредичи, Кичеец… кои пак пред да бидат пријавени биле предупредени од Зоран Заев да престанат комуникација со Орце Камчев кој најавил кривична пријава токму кај премиерот, пишува Митевски на порталот..

Во исказот на еден бизнисмен од источна Македонија, да не речам од центарот на истокот, токму Никола Димитров се споменува како човекот кој меѓу првите добива информација дека во земјата се организира огромна рекетаркска операција за која знаеле токму во врвот на владата, но не и Димитров. Барем не до тој момент.

Поради јавен интерес, инфомакс го објавува следното:

Бизнисменот, кој се занимава со производство на вино (најчесто за ивоз), во својот исказ како сведок во Обвинителството објаснува дека Димитров во еден момент му се јавил на телефон и се обидел да го повика во министерството за да разговараат. Бизнисменот одбил. Никола Димитров наместо да пријави за рекетот, молчел. Еве инсерти од исказот на сведокот во врска со министерот Димитров:

– Во периодот октомври ноември 2018 година лицето ……. …………. адвокат од Штип, со телефонски број 070/2………………, кој ми е и кумашин и воедно правник на моите компании „Е….“ ми пристапи и ми кажа дека бил на средба во телевизијата на Бојан Јовановски „1ТВ“, и ми раскажа што се случило, бил повикан таму, помислил во својство на адвокат дека ќе пружа адвокатски услуги на телевизијата, но бил видно изненаден кога  на состанокот, сопственикот на телевизијата Бојан Јовановски почнал разговор за мене, како јас сум имал проблеми со СЈО и дека доколку сакам да ми биде полесна ситуацијата да платам два милиони евра. – вели сведокот на крајот на првата и почетокот на втората страница од записникот од испрашувањето, водено од Вилма Русковска.

Интересно е што бизнисменот е и конзул на една европска земја. Поточно на Латвија, земја чие знаме беше по грешка ставено за пречекот на Австрискиот канцелар Себастијан Курц во Македонија, токму во овој период.

По кажување на сведокот, неговиот адвокат на состанокот со Бојан Јовановски бурно реагирал, прашувајќи го дали тоа од компанијата на бизнисменот се бара рекет. На ова, Боки Тредичи одговорил потврдно, објаснувајќи дека ако тоа не го направат – ако не исплатат два милиони евра – бизнисменот ќе има поголеми проблеми во врска со предметот на СЈО – „Поштенска Банка“.

Тој, Боки Тредичи понатаму објаснувал дека знае дека адвокатот има пристап до сметките на бизнисменот и дека треба што побрзо да се реши ова нивно барање за рекет. Откако одбиле, бизнисменот добил посета од истражители на СЈО во неговата компанија но, и обвинение за случајот.

За да го убеди во сериозноста на тоа што го зборува, Бојан Јовановски го запознал адвокатот на бизнисменот и со синот на Катица Јанева, Лазар Јанев инаку тогаш вработен како маркетинг директор во телевизијата „1ТВ“ но и единствен вработен во „БМЈ Медиа Груп“ заедно со таткото на Боки Тредичи и Јасна Мандиќ.

 – Испуштив да кажам дека додека …… бил во просториите на 1 ТВ и разговарал со Бојан Јовановски, Бојан повикал некое лице кое влегло и се запознало со …….. и Бојан кажал дека тоа е синот на Катица Јанева. Како точно било ќе ви каже …… ………. затоа што јас ова го знам по негово кажување. – вели бизнисменот од источна Македонија во својот исказ на втората страница од записнкот, некаде на средина на страницата.

После ова, вели бизнисменот во исказот, Бојан се обидувал преку разни луѓе да стапи во контакт со него, но безуспешно. Сепак, бизнисменот бил исплашен од ситуацијата која се одвивала во државата бидејќи во тој период Катица Јанева била многу моќна – според кажувањата на бизнисменот – а бил отворен и предметот „Империја“ по кој во притвор завршиле бизнисмените Орце Камчев и Цветан Панделевски и други бизнисмени. Ова го исплашило бизнисменот од источна Македонија, кој одлучил да го информира амбасадорот на земјата на која е почесен конзул.

 – Јас веќе 12 години сум почесен конзул на Латвија и за ова што ми се случува усмено го известив амбасадорот кој е нерезидентен амбасадор за Македонија, а во тоа време беше амбсадор во …. Тој го информирал министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров, кој преку неговиот кабинет побара да се видат со мене. Јас не остварив таква средба од причина што не сакав таков срам јавно да излезе, тоа не би било добро за целата држава. – вели бизнисменот во своето сведочење, на втората страница од записникот, при крајот на страницата.

Бизнисменот во својот исказ дополнува дека по ова јавување од кабинетот на МНР Димитров се одлучил да ги исклучи мобилните телефони и да замине во Бугарија, во Банско на два месеци за да се сокрие од притисокот кој го чувствувал.

(Инфомакс)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Меркел по самитот на лидерите на ЕУ во Брисел рече дека не е тајна оти за време на расправата за проширување, Франција, Холандија и Данска имале резерви кон натамошните чекори на Скопје и Тирана.

Меркел жали дека немало консензус за отворање преговори со Северна Македонија и Албанија

Германската канцеларка Ангела Меркел на крајот на Самитот во Брисел изрази дека немало...

На лидерската средба, како што соопштија од кабинетот на претседателот, се поканети претседателот на СДСМ Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ Али Ахмети претседателот на Алијанса за Албанците Зиадин Села, претседателот на Алтернатива Африм Гаши и претседателот на Движење Беса Билал Каса

ПЕНДАРОВСКИ ИСПРАТИ ПОРАКА ДО НАЦИЈАТА: Време е да се обединиме – претседателот закажа лидерска во недела

Лидерска средба на иницијатива на претседателот Стедво Пендаровски, на која ќе присустуваат...

Доколку биде направена таква грешка тогаш не треба да се лутиме за проблемите што ќе настанат – што ќе има џихадисти, влијанија од Русија, Турција или Кина.

БОРИСОВ: „Би се направила историска грешка ако ЕУ ги одбие Македонија и Албанија„

Република Македонија и Албанија треба веднаш да добијат датум за преговори. Би се направила...

Инаку непосредно пред почетокот на Европскиот совет во Брисел, францускиот претседател Емануел Макрон при пристигнувањето во Советот им се обрати на новинарите и во таа пригода не кажа ништо за прашањето за проширувањето и датумот за почетокот на преговорите, кое ќе биде една од точките на Самитот, јавува дописникот на МИА.

Дописничката на МИА напиша: Македонските лидери да сфатат дека за Македонија нема место во ЕУ

Дописничката на државната МИА, внука на Борјан Јовановски, Тања Милевска апелира до...