Вицепремиерот Николовски посочи дека новата 2021-ва ќе биде антикорупциска година, за што ќе се започне со активна и постојана кампања за подигнување на свеста кај граѓаните, за негативните ефекти на корупцијата и за сите механизми кои им стојат на располагање за да се спротивстават.

Објавил: Рејхан Бајрами | 12 јануари, 2021 8:40

Николовски: Граѓаните и Владата, конечно се на иста страна во борбата против корупцијата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, на денешната прес-конференција ги презентираше идните владини мерки во реализацијата на вториот приоритет од владината рамка „Акција 21 – европски стандарди дома“, односно борбата против корупцијата и криминалот.

Вицепремиерот Николовски посочи дека преку конкретни мерки и политики, ќе се фокусираме на решавање на случаите за кои постои сомнеж за корупција, на спречување и крајно искоренување на оваа девијантна појава, којашто го враќа општеството назад.

Нашата цел е да работиме, за да создадеме подобар живот за секој наш граѓанин, а тоа да го обезбедат чесни функционери и отчетни институции, кои работат во интерес на народот и на државата, а не во сопствен или партиски интерес. Во Новата 2021 година продолжуваме со имплементација на препораките од ГРЕКО. Во првата половина на годинава, во соработка со УСАИД ќе се спроведе тест за проценка на интегритетот на членовите на Владата и нивните советници и надворешни соработници. Во соработка со Министерството за правда, ќе се фокусираме на екипирање и дигитализација на истражните центри во Јавното обвинителство, што ќе придонесе во борбата против корупцијата и криминалот преку брзо решавање на предметите“, изјави вицепремиерот Николовски.

Во новата 2021 година ќе започне целосно воспоставување на проектот за Интероперабилност меѓу антикорупциските институции. Преку овој проект ќе се овозможи безбедна и ефикасна размена на податоци за предмети поврзани со корупција, по електронски пат. На тој начин ќе имаме брзи и ефикасни резултати во решавањето на случаите за кои постои сомнеж за корупција. 

„Никој нема да смее да затајува и забавува случаи, каде има сомнежи за корупција. Ние никого нема да осудуваме однапред, но имаме задача и обврска сите информации веднаш да ги предадеме кај надлежните институции, за процесите брзо да се завршуваат. Ако има корупција следи казна, ако нема корупција, продолжуваме понатаму.  Оваа година започнуваме со воведување на електронски систем за инспекција „Е-инспектор“, којшто ќе овозможи електронско поврзување и работење на сите 28 инспекциски служби. Со овој систем ќе се намали субјективното влијание на инспекторот за време на инспекцијата“, изјави вицепремиерот Николовски.

Оваа година преку креирање на единствен регистар на недвижности за сѐ што е во државна сопственост, како и регистар на подароци, ќе се придонесе за домаќинско управување и постапување со државниот недвижен имот, со што ќе се зголеми и нивото на одговорност на носителите на јавни функции преку почитување на начелата на отчетност и транспарентност. 

Вицепремиерот Николовски посочи дека новата 2021-ва ќе биде антикорупциска година, за што ќе се започне со активна и постојана кампања за подигнување на свеста кај граѓаните, за негативните ефекти на корупцијата и за сите механизми кои им стојат на располагање за да се спротивстават. 

Во 2021 носиме европски стандарди дома, тоа се принципите и нашата заложба кои ќе не водат оваа година. Преку секоја наша преземена мерка, во оваа заедничка битка против корупцијата и криминалот, ќе покажеме дека можеме да бидеме држава на чесни политичари, држава која чекори напред.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Покрај спортската сала се предвидува и изградба на дополнителна просторија за физичко и во подрачното училиште „Кирил и Методиј“ во Страчинци.

Заев: Ќе градиме уште спортски сали за младите

Денеска претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со градоначалникот...

Затекнатиот долг од околу 175 милиони денари, за една година го намали на околу 90 милиони денари, односно долгот кон 156 фирми сега е сведен на долг кон 30 фирми. На почетокот од 2020 година, ова претпријатие имаше побарувања од околу 100 милиони денари, а на почетокот од годинава има побарувања од околу 128 милиони денари.

ЕДНА ГОДИНА ПОД ГРАД СКОПЈЕ – ДРИСЛА СТАНУВА СОВРЕМЕНА ДЕПОНИЈА

После долго време на некомпетентност и негрижа во работењето, за само една година откако...