Вицепремиерот Љупчо Николовски посочи дека како координатор на инспекциските служби, детално е запознат со случајот од страна на ресорното министерство и надлежниот инспекторатот, се во постојна комуникација и координација, со цел детално да се истражи случајот и да се постапи согласно законите и правилниците.

Објавил: Мирко Бачиќ | 8 февруари, 2021 12:44

Николовски: Нема компромис кога е во прашање загрозувањето на животната средина и условите за живот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, заедно со министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини и директорката на Државен Инспекторат за животна средина планирање, Ана Петровска, денеска беа во посета на локацијата во скопско Долно Коњари каде што се врши ископ на песок и чакал.

Прелиминарните анализи на Управата за хидрометеоролошки работи, покажуваат голема веројатност дека концесијата на правниот субјект ЕУРО ПРОГРЕС ДООЕЛ с. Долно Коњари Петровец, е издадена спротивно на Законот за води, односно дека границите на концесијата се во зоната на плавење на реката Пчиња.

Вицепремиерот Љупчо Николовски посочи дека како координатор на инспекциските служби, детално е запознат со случајот од страна на ресорното министерство и надлежниот инспекторатот, се во постојна комуникација и координација, со цел детално да се истражи случајот и да се постапи согласно законите и правилниците.

Законите мора да се почитуваат, никој не е над законот, мора да има ред и дисциплина, особено кога се работи за нешто што влијае врз загрозување животната средина и крајно врз безбедноста и здравјето на граѓаните.

Заштитата на животната средина и условите за живот во секој регион од нашата држава е врвен приоритет на Владата. Борбата за заштита на животната средина е заедничка, и нема компромис за секој оној којшто ќе влијае врз загрозување на животната средина и на условите за живот.

Нема ништо поважно од граѓаните да имаат достојни и безбедни услови за живот, да живеат во чиста и здрава животна средина“, изјави Николовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Директорката на Клиниката д-р Милена Стевановиќ, наведува Шекеринска, не’ информираше дека потполковникот е во добра општа состојба и стабилен.

ПОТПОЛКОВНИКОТ ПРИСТИГНА ВО СКОПЈЕ, СОСТОЈБАТА МУ Е ДОБРА

Рано утрово нашиот потполковник пристигна од Централноафриканската Република во...

“Фокус” вчера објави дека постои сомнеж дека војникот е заразен со африканскиот сој на Ковид-19. Според досегашните информации африканскиот сој е еден од најразорните соеви досега.

Заразениот војник од Африка вечерва пристигнува во Скопје

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешната прес-конференција соопшти...