
Македонија
Земјоделие
Нè очекува тешка зима, а следните 2 години ќе бидат уште потешки во однос на обезбедување храна, изјави министерот за земјоделство, Љупчо Николовски.
Како последица на ова, Николовски рече дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство подготвува национален план за производство на храна, каде основна цел е стабилизирање на локалното производство, зголемување на приносите и намалување на зависноста на земјата од увоз на стратешки култури.
Ќе се менува и начинот на субвенционирање на земјоделците. Новиот модел мора да биде готов до крајот на оваа година, додека со примена ќе започне од 1 јануари следната година.
Со новиот предлог модел, како што рече Николовски, не се кратат финансиските средства за поддршка, ниту се оштетуваат земјоделците, туку средствата се реорганизираат во повеќе програми за поддршка.
Првиот нацрт-предлог на овој модел содржи раздвојување на плаќањата кои не се поврзани со производството и плаќањата поврзани со производството. Тоа значи дека во растително производство на сите земјоделци без разлика која култура ја произведуваат треба да им се исплаќаат главните директни исплати за површината што ја обработуваат, без разлика на количеството на производство. Дополнителни исплати, според предлогот, ќе се исплаќаат само за одреден број култури кои стратешки ќе се одредуваат заедно со земјоделците преку потсекторски групи, а за овие култури при исплатата обемот на контрола од страна на Платежната агенција ќе исто така се зголеми.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.