– Низ отворена и транспарентна, демократска постапка која што дава шанса на секој, заедно со граѓаните и членството ќе ги избереме најдобрите кандидати.

Објавил: Владо Марин | 6 јули, 2021 5:48

Николовски: Објавивме оглас за кандидати на градоначалници без услов да сте член на СДСМ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски на својот твитер профил напиша дека досега владејачката СДСМ има над 560 кандидати за градоначалници и над 5.000 кандидати за советници.

– Низ отворена и транспарентна, демократска постапка која што дава шанса на секој, заедно со граѓаните и членството ќе ги избереме најдобрите кандидати.

Објавивме оглас за кандидати на градоначалници каде што нема услов да бидете член на СДСМ за да се кандидирате за градоначалник, треба сасмо да ги доставите вашите проекти со визијата за вашата општина во следните четири години, вели Николовски.

На овие избори СДСМ ја прави најголемата, најразнолика, најмодерна коалиција која што се надоврзува на она што го направивме во 2020 преку коалицијата „Можеме” порача генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски на трибината во Охрид.

Ќе продолжиме со средбите, со контактите со граѓаните, во следните 20 дена ќе ја посетиме секоја куќа, ќе разговараме со секој граѓанин, ќе ги прашаме за нивните приоритети, за она што треба да влезе во нашата програма во нашата кадровска понуда – посочи Николовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Пратеникот истакна примери каде тие ќе поддржат кандидати на Алијанса за Албанците и Алтернатива, а каде ВМРО - ДПМНЕ ќе ја добие поддршката од нив.

Милошоски: Заев го чува Филипче за министер поради тендерите во здравство

Пратеникот Антонијо Милошоски на гостување во емисијата „10 минути“ што се емитува...

Затоа ја повикувам Владата, согласно Устав и Деловник, да ја достави оставката на министерот и заменик министерот за здравство до Собранието.

Мицевски за оставката на Филипче: Велите оставката е поднесена, но, каде е?

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на вчерашната...

Убедливо најмногу кандидати за градоначалници на локалните избори на 17 октомври се пријавиле за Скопје – 12.

ДИК ја објави листата со пријавени кандидати за градоначалници: Најмногу има во Скопје – 12, по седум во Центар, Струга и во Тетово

Листата што ја сумираше ДИК е врз основа на податоците добиени од општинските изборни...