
Македонија
Вести
Секретарот на СДСМ и кандидат за пратеник, Љупчо Николовски на прес конференција по затворање на избирачките места истакна дека првичните резултати покажуваат голема победа за СДСМ.
Тој им се заблагодар и на припадниците на полицијата и здравствените работници.
Имавме мирен, достоинствен изборен ден. Сведоци сме на демократски и професионално спроведен изборен процес. Во овие вонредни услови уште еднаш потврдуваме дека нашите институции можат да се носат со сите предизвици. Наскоро ги очекуваме првите резултати. Со право очекуваме сигурна победа за СДСМ и чист мандат за коалицијата „Можеме“, рече Љупчо Николовски.
„Очекуваме потврда на резултатите од анкетите и сигурна победа на СДСМ и чист мандат за коалицијата „Можеме“, рече Николовски.
На поставено новинарско прашање колку мандати би освоила Коалицијата „Можеме“, потенцираше дека оваа прес конференција е за честитки на граѓаните, а на следната веќе ќе бидат презентирани првичните резултати.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.