Тие се бореа за слобода, еднаквост, за вистински независна и признаена држава од светот. Идеали кои со членството во НАТО и Европската Унија се постигнати на ниво кое било незамисливо порано.

Објавил: Рејхан Бајрами | 23 октомври, 2020 11:40

Николовски со честитка за 23-ти октомври: Македонските револуционери се гордост и пример за нас!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Македонските револуционери се гордост и пример за нас, она што сме денес во голема мера го должиме на нив. Затоа денеска се одбележува 23-ти октомври – Денот на македонската револуционерна борба, напиша вицепремиерот Љупчо Николовски во честитката по повод денешниот празник.

Тие се бореа за слобода, еднаквост, за вистински независна и признаена држава од светот. Идеали кои со членството во НАТО и Европската Унија се постигнати на ниво кое било незамисливо порано.

Но, имаме уште многу работа пред нас, македонската држава која сега е безбедна, сигурна и наша, треба да ја направиме подобра, посредена и пример за секој во регионот и пошироко. Честит 23 октомври! – порача Николовски.

Во Македонија денеска се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, државен празник и неработен ден за сите граѓани.

Празникот се празнува по повод основањето на Македонската револуционерна организација во Солун. Имено на 23 октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа, коешто ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците за слобода. Основоположниците биле: Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Тие основаат конспиративна група, нарекувајќи ја македонски револуционерен комитет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Тој вели дека јазикот и негова соодветна азбука се дел од генетскиот код на еден народ и се произлезени од универзалното право на самоопределување. Во тој генетски код се елементите на идентитетот и потенцијалите за комуникација, општествена интеграција, за образование и развој.

Заев за Денот на албанската азбука: Јазикот e дел од генетскиот код на еден народ

Премиерот Заев го честиташе денот на албанската азбука! Денот на создавањето на албанската...

Постои верување и обичај кај многу христијани кои го слават свети Михаил, бидејќи го сметаат за жив светител, да не подготвуваат пченица за славата, а тоа е неточно и неоправдано. Неопходно е да се подготви пченица за славата, бидејќи сите светители и сите мртви се живи пред Бога.

ЗА МНОГУ ГОДИНИ: Св. Архангел Михаил ќе ги исполни вашите молитви и желби

Архангел Михаил е водачот на небесните војски кој секогаш се јавувал на местата...

Длабочината на Храмот е околу седум метри. Завршувањето на криптата и неговото сликарство ги благослови покојниот патријарх Павле во 2001 година.

Патријахот Иринеј ќе почива ВО НАЈУБАВИОТ ХРАМ ВО ЦЕНТАРОТ НА БЕЛГРАД: Ова е местото!

– Неговата Светост Патријархот Иринеј најверојатно ќе биде погребан во криптата...