Додаде дека е важно што со тоа ништо не се крие од граѓаните и тие ќе знаат кој функционер на каков работен ручек бил, за каква цел се потрошени парите, а ограничувањата важат за сите функционери почнувајќи од премиерот.

Објавил: Перо Милчин | 15 април, 2021 22:19

Николовски: 1.500 денари ќе смее да потроши министер за работен ручек

Фото/Текст извор: ©магазин.мк/фокус

Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, денеска од Валандово порача дека со Одлуката на Владата за ограничување на користење на угостителски услуги за функционерите нема повеќе расипничко трошење на народните пари, како што било случај со поранешната владина гарнитура, кога преку трошоци за угостителски услуги се извлекувале илјадници евра и со нив се купувало се и сешто.

Тој го рече тоа во одговор на новинарско прашање од МИА да изнесе детали за ограничувањето на сумите и како тоа е регулирано. При тоа додаде дека сега јавноста преку владините алатки за транспаретност и отчетност има увид во трошењето на парите.

Според него, со владината одлука, се унифицира трошењето за угостителски услуги за работните состаноци на функционерите.

-Одлуката се однесува за сите владини функционери и правни субјекти кои ги основала Владата. Со одлуката се предвидува точни износи на пари. Министер може да потроши 1.500 денари по лице, заменик министер и директор 1.000 денари, а замениците директори не се опфатени со оваа одлука. Го стеснуваме кругот, но и ги ограничуваме износите кои можат да ги трошат институциите и функционерите, вели Николовски.

Смета дека воспоставена е процедурата на контрола на трошењето и при тоа функционерите мора да имаат писмена резервација за состанокот, односно работниот ручек.

-Мора да има потврда, писмена информација за бројот на лица со име и презиме, природата и целта на работниот состанок, мора да има извештај за целта на состанокот во рамки на целокупната документација, односно приложена целосна документација-од резервација до потврда, извештај за состанокот, односно со сите информации кои треба да се содржат. Ги поставивме сите контролни механизми за да може секторот за финансии да ја одобри и исплата сумата, потенцираше вицепремиерот Николовски.

Додаде дека е важно што со тоа ништо не се крие од граѓаните и тие ќе знаат кој функционер на каков работен ручек бил, за каква цел се потрошени парите, а ограничувањата важат за сите функционери почнувајќи од премиерот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Активностите за отстранување ќе ги опфатат физичките или правните лица кои имаат добиено решение за отстранување на бесправно изграден објект и не постапиле во согласност со издадените решенија од страна на градежните инспектори при инспекторатот на Општина Охрид.

Владата ги поддржува активностите на Општина Охрид за отстранување на бесправните градби

Владата на Република Македонија ги поддржува активностите за отстранување на бесправните...

Како што налага ситуацијата, извесно е дека македонските граѓани ќе можат да патуваат само доколку се вакцинирани со Фајзер или АстраЗенека.

Македонците вакцинирани со Фајзер и АстраЗенека ќе можат да патуваат во ЕУ

Европската комисија денеска издаде препорака на странските државјани кои се целосно...

Вкупно 200.000 кинески вакцини денес треба да бидат дистрибуирани во Скопје, Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола по што со истите од утре започнува масовната имунизација на населението.

Од среда полициски час од 23 часот, кафеаните да работат до 22.30

Полицискиот час од среда да почнува од 23, а кафулињата да работат до 22.30 часот,  е...

Оваа мерка има за цел да ја поддржи ликвидноста во стопанството и да ја стимулира инвестициската активност на компаниите, како и да сочува што повеќе работни места.

Продолжува поддршката за стопанството – бескаматни кредити од 10 милиони евра, со можност за грант до 50%

СДСМ и институциите што ги предводи креира и реализира навремени и сеопфатни економски...