Николов го обвини Филипче дека владата не го реализирала ветувањето за 100.000 денари плата за специјалистите коментирајќи дека оваа бројка се уште е далеку од реалноста.

Објавил: Весна Петровска | 2 декември, 2019 8:16

Николов ја извади пресметката од својата плата пред Филипче – 100.000 денари за докторите е далеку од реалноста

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Д-р Игор Николов ја извади пресметката од својата плата пред министерот за здравство Венко Филипче за време на нивниот дуел во емисијата Детектор на Сител.

Николов го обвини Филипче дека владата не го реализирала ветувањето за 100.000 денари плата за специјалистите коментирајќи дека оваа бројка се уште е далеку од реалноста.

Филипче вели дека платата е зголемена во три наврати.

„Основната плата е зголемена во три наврати. Зголемена е минатата година во септември, зголемена е на почетокот на оваа година во јануари и се зголемува во февруари следната година.

Дежурствата се зголемија во 2018 година на средината. 100.000 денари плата е сега реалност. На Хируршките клиники.“ – вели Филипче.

„Еве ви ја министре мојата палта, доктор, доцент, доктор на науки, магистер, со сите салтанати и со 5 дежурства во месецот, 70.000 денари. “ – вели Николов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Покрај оваа одлука на Седницата на Советот за безбедност ќе се донесе и мерката да нема групирање на повеќе од 20 лица на одреден простор.

ЕКСКЛУЗИВНО: Вонредната состојба ќе се продолжи за уште две недели

 Канал 5 дознава дека вонредната состојба ќе се продолжи за уште две недели! Покрај...