ВМРО-ДПМНЕ беше претолерантна кон Никола Груевски затоа што тајните разговори се водат година и пол, а интезивно од февруари. Ова меѓудругото го изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски

Објавил: Македонка Димкин | 26 септември, 2023 7:49

Николоски: Бевме претолерантни кон Груевски, со месеци преговара со ДУИ и СДСМ

Фото/Текст извор: ©MTV 360

ВМРО-ДПМНЕ беше претолерантна кон Никола Груевски затоа што тајните разговори се водат година и пол, а интезивно од февруари.

Ова меѓудругото го изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во интервју за „360 степени“ на прашање зошто Мицкоски не дозволи да станат очигледни и видливи нештата за кои го обвинува екслидерот на партијата. Иако случувањата биле зад сцената, дел од обидите да се наштети на партијата биле јавни, додава Николоски.

Дополнително, вели тој, Груевски споделувал јавни ставови за многу прашања, но не и за прашањето за уставните измени.

Некој нека направи анализа, затоа што тој (Груевски, н.з.) извади дури и книга од фејсбук-статуси, дали од објавувањето на францускиот предлог до обзнанувањето од наша страна на тоа што се прави зад сцената, има кажано збор за францускиот предлог или за барањето да се промени Уставот. Јас ќе ви кажам – збор нема кажано. Овие случувања се месеци наназад, има интензивна комуникација со претставници на ДУИ, што е добро прашање и за нив бидејќи се дел од власта, а има комуникација и со претставници на СДСМ со кои се разговараат варијанти кои не се во корист на Македонија, а после е партискиот интерес“ – вели Николоски.

За тоа дали поседуваат докази за нивните тврдења против Груевски вели дека постојат два аспекта.

„Никој нема намера да биде таен агент и да собира докази по странски држави. Тоа не е работа на ВМРО-ДПМНЕ, а треба да одговори поранешниот претседател на партијата зошто е во комуникација со еден од првите луѓе во безбедносните структури во Македонија подолг временски период, ама треба и тој од безбедносните структури да одговори – зошто ја прави таа комуникација и колку е тоа законски. Во однос на политичкиот дел, многу јасно е тоа дејствување кога ќе видите дека стига од 4-5 страни и кога ќе видите на кој начин тоа се случува, од разни политички актери кои на политичката сцена се најголеми противници на ВМРО-ДПМНЕ, а се најголеми поддржувачи на поранешниот претседател на партијата“ – посочува Николоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ова се однесува за 58 илјади домаќинства, кои се приклучени на најголемиот систем во Град Скопје. За оние кои топлинска енергија добиваат од Скопје-Север или го користат „железарското греење“, сметките минимално ќе се намалат.

СМЕТКИТЕ ЗА ПАРНО ПОВИСОКИ ЗА 4,5 НАСТО

Со првиот ден на ноември цената на парното греење се зголемува за 4,51 насто. Ова се однесува...

Вредноста на двата стана на „Бихаќка“ и трите апартмани во „Панорама Резиденс“ е проценета на 1,9 милиони евра, вели директорот на Агенција за конфискуван имот Дритон Небиу во интервју за Радио слободна Европа.

Петте станови на Груевски проценети на 1,9 милиони евра

Откако Владата ќе одобри, конфискуваните станови на поранешниот премиер Никола Груевски...

Антикорупциската комисија потврдила дека претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски нема конфликт на интереси, велат од СДСМ.

СДСМ: Антикорупциска потврди дека нема конфликт на интерес кај Ковачевски

Антикорупциската комисија потврдила дека претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски...

На иницијатива на претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, и во директен контакт со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, се изнајде решение на предизвикот за обезбедување чартер лет за граѓаните од регионот. Со вчерашниот лет, кој беше организиран и платен од Владата на Република Македонија, покрај тоа што во Скопје долетаа преостанатите 67 наши државјани кои побараа помош, со истиот лет, Владата на Република Македонија излезе во пресрет и обезбеди трансфер на седум албански, седум црногорски и тројца бугарски државјани.

Амбасадата во Тел Авив, од самиот почеток на кризата е во контакт со државјаните на Република ж Македонија, а дел од граѓаните кои се затекнаа во Израел, веќе се вратени во земјата на повеќе начини, меѓу другото и со специјални летови на пријателските држави на Република Македонија.

Владата на Република Македонија внимателно ги следи случувањата во Израел преку Министерството за надворешни работи, кое што е во редовен контакт со македонската Амбасада во Тел Авив.

Владата тврди дека ги евакуирала сите патници со „Аир Србија”

Со чартер летот организиран и платен од страна на Владата на Република Македонија,...