Во однос на демантите на Владата, Николоски посочи дека најдобар демант е да го извадат во јавноста тој предлог од некаде, кој според наши информации, петнаесетина страни, за јавноста да види што навистина предлагаат.

Објавил: Владо Марин | 20 јуни, 2021 16:30

Николоски: Власта ги крие деталите од договорот бидејќи се спрема ново национално предавство

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денес ја посети општина Гази Баба каде што даде изјава во однос на неколку теми и одговори на неколку новинарски прашања, меѓу кои и прашањето во однос на предлогот на Зоран Заев до Бугарија.

Николоски потенцираше со Зоран Заев, Македонија може да очекува само национални предавства и тука Заев нема никаков лимит. Процесот кој што се води е крајно нетранспарентен и јавноста нема никакви информации од страна на македонската влада.

Да го предупредам Зоран Заев да не помислува да си игра со македонскиот национален идентитет, со македонскиот јазик, со македонската култура, со македонската самобитност и македонската историја., затоа што ќе добие жесток одговор на било каков обид за ништење на македонскиот национален идентитет,  рече Николоски.

Според него и тие пред кои Заев коленичи во Бугарија не го почитуваат затоа што гледаат дека сака себеси национално да се избрише, па дури и му порачуваат дека направиле за Заев досега, со тоа што му помогнале да дојде на власт .

Во Република Бугарија Владата ги информира сите политички партии во однос на преговорите и сите политички субјекти се добро информирани, додека во Македонија Владата ги крие најважните и најголемите прашања кои ги интересираат граѓаните на Република Македонија, затоа што не се поволни за Македонија, истакна Николоски.

Во однос на демантите на Владата, Николоски посочи дека најдобар демант е да го извадат во јавноста тој предлог од некаде, кој според наши информации, петнаесетина страни, за јавноста да види што навистина предлагаат.

Но имајќи предвид дека не го објавуваат во јавноста овој предлог дека одат на газење на македонските национални интереси, рече Николоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Со свој став денеска на социјалните мрежи се произнесе и поранешниот премиер на Македонија, Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Пред бугарската фашистичка окупација, 23 години бевме под српска!

Во јавноста се појавија големи реакции откако премиерот Зоран Заев најави дека зборот...

За Митевски, кривичната пријава на три дена пред почетокот на предизборната кампања во која тој ќе се бори за нов четврти мандат за градоначалник на општина Петровец е само обид на власта да се оцрни неговото име.

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ И УШТЕ ЧЕТИРИ ЛИЦА

Во пресрет на локалните избори градоначалникот на општина Петровец, Борче Митевски,...

Советничката од ВМРО ДПМНЕ, Анета Шандева Доневска рече дека предлогот потекува од советничката група на ВМРО ДПМНЕ.

Куманово ќе донира 100.000 денари за семејствата на жртвите од тетовската модуларна болница

Советот на Општина Куманово на вчерашната седница едногласно донесе одлука за давање...