Николоски додаде дека тој е член на ВМРО-ДПМНЕ уште од неговите студентски денови, а за партијата знае откако знае за себе благодарение на неговите родители кои што го вдахнаа со таа идеја.

Објавил: Сара Фемина | 12 декември, 2021 17:01

Николоски: Ги поставуваме темелите за повеќе економија, а помалку корупција

Фото/Текст извор: ©магазин

„Почитувани делегати на 17-ти Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, почитуван претседател на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски, почитувани членови на ИК, претседатели на ОК, почитувани гости, би сакал на почетокот да ги поздравам претставниците на политичките партии кои што денес не удостоија со своето присуство и се присутни на 17-ти Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, благодариме за присуството. Навистина е чест за нас.

Пред да започнеме, дозволете неколку збора, за мене претставува огромна чест и гордост што можам да претседавам со еден ваков состав на работно претседателство, а и лично навистина е огромна гордост да се претседава со Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ“, нагласи Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ при одржување на 17-ти Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во салата „Јане Сандански“.

Николоски додаде дека тој е член на ВМРО-ДПМНЕ уште од неговите студентски денови, а за партијата знае откако знае за себе благодарение на неговите родители кои што го вдахнаа со таа идеја.

Навистина е огромна чест да се седи тука. Во изминативе четири години претседателот Мицкоски заедно со сите вас, заедно со сите нас успеа да ја трансформира партијата. И од партија која што на валандовскиот Конгрес се соочуваше со тешка опозиција, се соочуваше со тогаш загубените локални избори, се соочуваше со силен политички прогон кој што меѓу другото значеше замрзнат имот на партијата, блокирани сметки на партијата, неможност партијата нормално да функционира, партија која што беше стигматизирана, партија за која што имаше прашалници во домашната и во меѓународната јавност. И по само четири години ВМРО-ДПМНЕ е најдобар претставник на македонските граѓани, на македонскиот народ, но и на Албанците, Турците, на Србите, на Ромите, на Власите, на Бошњаците, на сите кои што живеат во Македонија“, нагласи Николоски.

Николоски посочи дека после четири години ВМРО-ДПМНЕ е кредибилен партнер на меѓународната заедница. ВМРО-ДПМНЕ е стабилна политичка сила која што е една од темелните политички сили на Балканскиот полуостров.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ескалираше ситуацијата на протестот против бугарскиот предлог кој се одвива трет ден по ред пред Владата.

Граѓани кои излегоа да го изразат својот револт ја пробија заштитната ограда и со предмети фрлаат кон Влдата.

Ламбе го запали францускиот предлог: Ако мојата дијагноза е пироман, вашата е предавничка

Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка, кажа пејачот Ламбе...

Владата попладнево го објави на македонски јазик предлогот на француското претседателство за надминување на спорот со Бугарија и почеток на преговорите со ЕУ.

Владата го објави францускиот предлог на македонски јазик

Верзијата на англиски јазик, пак, беше објавена во петокот (1 јули), а оттогаш започнаа...

Нека го тргнат ова, нека ги тргнат овие 4 точки. Да биде европски патот, исто како за Албанија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Бугарија кога стануваа членки. Не го тргнат ова, нека ги остават Копенхагеншките критериуми и нека ни ги остават критериумите кои се поврзани со процесот за стабилизација и асоцијација. Чуму потребата овој мал народ да се асимилира, кому му сметаме ние?

Мицкоски: Продолжуваме со протестите додека не се тргнат деловите од предлогот кои го асимилираат македонскиот народ

Имавме речиси едночасовна средба со премиерот Ковачевски. Средбата би рекол беше од...