Николовски на коментарот дека  функционери од Брисел велат дека е добро што овој закон е донесен во пресрет на можноста да се добие датум за преговори рече дека секој функционер надвор од Македонија ги гледа резултатите:

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 февруари, 2020 11:14

Николоски: Денеска ВМРО-ДПМНЕ ќе ги разгледа можностите за проценување на постапката во Собранието за Законот за ЈО

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во денешното гостување во емисијата „Утрински брифинг“, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, рече дека правниот тим на ВМРО-ДПМНЕ и правната комисија ќе ги разгледа сите можности за проценување на постапката во Собранието за Законот за ЈО.

-Јас може да го спoдeлам моето искуство, додека јас бев пратеник ваква работа не се случи односно не се случило да закон не биде изгласан и потоа претседател на Собрание да каже ќе го повториме гласањето, ова не важи затоа што не ни одговара. Прв пат јас гледам ситуација во која што законот не е изгласан и се повторува гласањето за 5 минути . Секако Уставниот Суд е една институција која што мора да се изјасни по однос на оваа работа затоа што немаше јасно изразена волја и не беа постигнати бројките. Доколку постојат и други инструменти денес нашиот правен тим секако дека ќе ги каже, истакна Николоски.

Александар Николоски е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во повеќе мандати. Николоски беше претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во период од 2004 до 2008 година. Во период од 2004 до 2013 е член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на оваа функција повторно е избран во 2017 година. Николоски во 2009 година станува член на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, а во 2014 година е избран за прв потпретседател на Мониторинг комитетот при Советот на Европа. Тој е именуван за меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ во 2015 година.

Николовски на коментарот дека  функционери од Брисел велат дека е добро што овој закон е донесен во пресрет на можноста да се добие датум за преговори рече дека секој функционер надвор од Македонија ги гледа резултатите:

-Било кој функционер надвор од Македонија секако дека ги гледа резултатите, а резултатот е дека законот е изгласан, а каква е содржината за законот е нешто што ќе се цени доколку и ако се отворат преговори. Тие во моментот гледаат дека законот е донесен, честитаат како и за било кој друг договор претходно. Она што ме загрижува во однос на овој дел, мислам дека како што ќе доаѓаат изборите ќе има поларизација на нашите поддржувачи од една страна социјалистите, од друга страна десничарите од Европската народна партија. Тие пораки биле злоупотребувани во минатото, не гледам дека нема да бидат злоупотребувани и во кампањата, посочува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Османи истакна дека ваквата помош е од големо значење за Македонија особено во овој моменто кога бројот на заразени од Коронавирус во земјава постојано расте.

Сијарто во работна посета на Македонија- со себе донесе 100.000 заштитни маски и 5.000 скафандери

Денеска на скопскиот аеросром вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи...

Трамп рече дека падот на бројот на загинати во Њујорк „може да биде добар знак“ и индикација дека Американците почнуваат да гледаат „светло на крајот од тунелот“.

ТРАМП: Гледаме светло на крајот на тунелот- Лекарите убедени дека следува најтешката недела во САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп денес изрази надеж дека е направено балансирање...