Николоски во еден момент го запраша министерот за надворешни работи, Никола Димитров која беше целта на промената на името ако после речиси две години Македонија се уште нема добиено датум за преговори со Европската Унија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 септември, 2019 21:54

Николоски до Димитров: Го променивте името за да влеземе во ЕУ и Нато, зошто се уште нема датум за преговори ?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Александар Николоски, потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, вечерва е гостин во дебата на тв 24 заедно со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Николски напомена дека премиерот Зоран Заев ја лажеше македонската јавност дека сме добиле датум за преговори за потоа да најави дека датумот Македонија ќе го добие оваа година во јуни, а сега датумот за преговори и овој октомври е неизвесен.

Николоски во еден момент го запраша министерот за надворешни работи, Никола Димитров која беше целта на промената на името ако после речиси две години Македонија се уште нема добиено датум за преговори со Европската Унија.

-За жал гледаме дека она што требаше да биде реалност уште минатата година еве во втората половина на ова година не се случува. Имено да ја потсетам македонската јавност, основното ветување кога се правеше Договорот од Преспа беше дека државата ќе стане членка на НАТО и ќе отпочне преговори за членство во Европската Унија. За жал далеку сме од почеток на преговори за членство во ЕУ. Година и речиси половина после потпишувањето на договорот, што само ги оправдува определените скепски кои што ние ги имавме во тој временски период кога се постигнуваше договорот и во однос на материјалната содржина на договорот, но и во однос на временскиот период. Тогаш на само една од вкупно двете лидерски средби се случија за името, мислам ќе беше покорисно да има повеќе, јас бев тој кој и сугерираше на Владата дека не треба да се брза за јуни и да остават простор да изградат подобри позиции за да не добијат лош договор. Аргументите беа дека тоа треба да се направи час поскоро затоа што на крајот на јуни се очекува да се добие датум за преговори. На 17 јуни се потпиша Преспанскиот договор со сите штетни последици кои што тој ги има, веќе на 29 јуни Македонија не доби датум за почеток на преговори. Заев тогаш лажеше дека сме добиле, па видовме после сите дека не сме добиле. Потоа беше кажано дека тоа ќе се случи година дена подоцна, видовме тоа не се случи. Сега го очекуваме октомври и да бидам искрен се поставуваат многу прашања која беше целисходноста на тие политики ако ние немаме извесност да почнеме преговори, а камо ли да бидеме членка на ЕУ, вели Николоски.

Извор Курир.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Миле Јовановски и Виктор Стојчев се соседи. Јовановски е обвинет дека физички го нападнал Стојчев и тешко го повредил. Сведок на настанот бил и Боки 13, кој денес заради економичност на постапката не беше спроведен од затворот во Шутка каде што е во притвор како обвинет во „Рекет“. Но, тој ќе сведочи понатаму, пишува СДК.мк

НЕ СУМ СТАЛОНЕ ДА ГО ИСТЕПАМ ПОПОТ ЗА МИНУТА – вака дрско одговори таткото на Боки 13 по судењето за физички напад

Без воопшто да го извести судот, скопската обвинителката Имран Османи едноставно не...

Двајца возачи на патничко моторно возило, сопатник и еден пешак биле тешко повредени во четири од вкупно 30 сообраќајни незгоди што изминатиот викенд се случиле на подрачјето на СВР Скопје.

КАДЕ ЌЕ МУ ОДИ ДУШАТА: Со автомобил помина на црвено, удри пешак кај Соборна и избега

Сообраќајна несреќа се случила денеска на раскрсницата кај Соборен Храм. -Пред 5 мин....

Исто така една изборна единица е предлог од 12 пратеници меѓу кои има и вонпарламентарни а според нив ќе обезбеди плурализација, поголем избор за граѓаните и демократизација.

Изборите повторно без попис – Македонците повторно не избројани

Одлуката за предвремени парламентарни избори токму во април кога конечно требаше...