Вицепремиерот до експретседателот

Објавил: Калина Мартинска | 9 март, 2025 7:34

Николоски до Пендаровски: Стево, троши пензија и не се брукај – не ја руши позицијата на Македонија!

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Стево Пендаровски – човек кој два пати изгуби Претседателски избори, вториот пат со историски најголема разлика, после 10 месеци реши да се појави во јавност и да го напаѓа Премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ заради поддршката на САД и Претседателот Трамп.

Пендаровски кој иако вети не се откажа од доживотна пензија на грб на граѓаните, го напаѓа Претседателот на нашиот стратешки партнер број 1. Арогантно дели „ум“ на светски лидери, а сам себе не се гледа.

Пендаровски: Тезата дека новото нормално ќе го преплави светот е опасна, истрчувањето рамо до рамо со Трамп е гол политички аматеризам

Човекот кој масовно ја злоупотребуваше Агенцијата за разузнавање со наредба да фабрикувааат извештаи за нас од ВМРО-ДПМНЕ дека сме „проруски“, „антизападни“, „антиамерикански“, за мене слушам напишале дека сум претставник на „иранско – турско – унгарско влијание“ и пуштаа гавази да ги молат стратешките партнери пола од носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ да завршат на црна листа за така да се спасат од пораз, истиот тој сега е најантизападен и најантиамерикански.

Стево троши пензијата, не се брукај, не ја руши позицијата на Македонија и дружи се со пријателите од Агенција за разузнавање додека можеш!“, објави Вицепремиер Александар Николоски, на својот фејсбук профил.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.