Ова во интервју за КУРИР го истакнува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 декември, 2019 21:45

Николоски: Западните политичари се разочарани од Заев и СДСМ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Немам јас повеќе информации од тоа што има Владата, но има суштинска разлика помеѓу мене и МНР или претседателот на Владата, а тоа е дека јас истите ги изнесувам во јавност со цел на тој начин да алармирам нешто да се поправи, а Владата ја става главата во песок или ѓубрето под тепих. Односно, наместо да се соочи со тие информации и како Влада проактивно да ги решава, бега од истите мислејќи дека нема да се случат.

Јас уште минатата година, уште пред да се потпише Преспанскиот штетен договор велев дека дури и да се потпише тој договор, Македонија нема да потпише преговори во 2018-тата година. Заев велеше дека мора што побрзо да се потпише Преспанскиот договор и затоа го потпиша на 17-ти јуни за веќе на 29-ти јуни кога беше европскиот Совет, Македонија да добие датум за почеток на преговори. Видовте дека не се случи така,истакна Николовски за Курир.

Ова во интервју за КУРИР го истакнува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Јас уште минатата година, уште пред да се потпише Преспанскиот штетен договор велев дека дури и да се потпише тој договор, Македонија нема да потпише преговори во 2018-тата година. Заев велеше дека мора што побрзо да се потпише Преспанскиот договор и затоа го потпиша на 17-ти јуни за вече на 29-ти јуни кога беше европскиот Совет, Македонија да добие датум за почеток на преговори. Видовте дека не се случи така, истакнува тој.

Николоски оценува дека постои тотално разочарување од Зоран Заев.

Сите нека размислат кога Зоран Заев последен пат бил поканет во главен град во било која држава надвор од соседството на билатерални средби. Не зборувам на средби каде има 30-40 државници, па сакале-не сакале мора да ве поканат. Кога последно бил во Лондон, Мадрид, Вашингтон, дали воопшто бил во Париз? Нека одговорат гледачите на тие прашања и ќе им стане јасно што мислат европските и светските лидери за Заев. Да не зборувам за скандинавските земји или за земјите од Бенелукс каде и генерално има една поголема скепса кон проширувањето. Тотална разочараност постои од него и на дел од нив им е срам што еден период имаше на силна поддршка кон него лично и кон СДСМ. Тоа е тоа, сите сме живи луѓе, сите правиме грешки, правиме грешни проценки, но добро е што ги увидоа и веќе односот кон Македонија се менува и можеме да го видиме сите, анализира Николоски во интервју за КУРИР.

Во интервјуто за КУРИР, Николоски ексклузивно најави дека ВМРО-ДПМНЕ во следниов период ќе има интензивна меѓународна активност.

Ќе одиме на дестинации каде што Заев не го примаат, истакна Николоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Се обврзуваме на високи и стабилни субвенции за земјоделците и модернизација на земјоделскиот сектор, крупни инвестиции во патната, енергетската и комуналната инфраструктура, реализација на голем број на проекти за младите во сите сегменти на
нивното живеење.

МИЦКОСКИ: Обновата ќе донесе проекти кои ќе го подобрат животниот стандард на сите граѓани

Во следните четири години ќе се заложиме за заштита на животниот стандард на пензионерите...

Тој во допис до медиумите вели дека објавените разговори се лаги од трети лица кои нема да ги попречат да даваат плати и да плаќаат даноци.

Вице Заев: Објавените разговори се лаги- Заеви се чесни и вредни Македонци

Откако денеска на Јутјуб каналот се појави нова аудио бомба за Заеви, се огласи и Вице...

Средствата со кои Градот Скопје ќе ги субвенционира занаетчиите за набавка на потребни алати и репроматеријали се во износ од 80% од нивната вредност, но не повеќе од 50.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход!

ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА СКОПСКИТЕ ЗАНАЕТЧИИ

Градот Скопје со цел да го поттикне развојот на традиционалните занаети во изумирање...