Ветување од предизборието

Објавил: Калина Мартинска | 10 јули, 2024 14:28

Николоски: Како ќе правиме ќе правиме, автопатот Кичeво- Охрид ќе го завршиме до крај на 2026 година

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Ветувањето кое што го дадовме дека до крајот на 2026 година дека ќе има функционален автопат Кичево-Охрид, ќе го реализираме. Како ќе правиме ќе правиме, автопатот Кичeво-Охрид ќе го завршиме до крај на 2026 година, истакна министерот за транспорт Александар Николоски на новинарско прашање на трибината поврзана за развој на градежништвото.

Тој истакна дека во однос на автопатот Охрид – Кичево детектирани се бројни проблеми пред се експропијацијата и дислокација на приватни објекти.

“Значи, во однос на изградбата на автопатот Охрид – Кичево има бројни проблеми. Ние ги детектираме во моментов. Дел се поврзани со експропријација, дел се поврзани со проектирање на косини, дел се поврзани со објекти коишто се на самата траса, пред се бензински пумпи коишто треба да се дислоцираат а се на самата траса и она што можам да ви кажам е дека тоа го напишавме во нашата програма, ќе го реализираме и до крај на 2026 година Охрид – Кичево ќе биде завршен”, изјави министерот Николоски.

Николоски: Јас додека сум министер никој нема да остане на улица, а ќе има одговорност за душманското трошење на парите од Пошта и Железници

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Директорот на Царина и американската амбасадорка

Извонредни резултати на Царинската управа во сузбивање на криминалот и прибирање повисоки приходи во Буџетот – Средба Агелер Николовски

Извонредни резултати од страна на Царинската управа во изминатите осум месеци во делот...