По најавите на провладините медиуми дека ВМРО - ДПМНЕ ќе биде игнорирана од ЕПП, потпретседателот Александар Николоски, клучен говорник за Македонија на конфенцијата

Објавил: Мартин Попоски | 16 октомври, 2018 12:53

Николоски клучен говорник на конференција на ЕПП

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ Александар Николоски ќе учествува на конференција на високо ниво во организацјиа на ЕПП.

Конференцијата насловена како “ЕУ – Западен Балкан како заедно да ја изградиме нашата заедничка иднина?”e организирана од Европската Народна Партија денеска во Европскиот парламент.

Целта на конференцијата е да се истакне, преку панел дискусии, поддршката за евроинтеграциските процеси во регионот.

Во соопштението по повод настанот од ЕПП стои дека некој може да биде за или против на политиките за проширување на ЕУ, но никој не треба да го игнорира тоа дека регионот се следи со апетит од други големи сили. Во реалноста, меката моќ на Европската Унија веќе се натпреварува со надворешно политичко влијание, странски инвестиции и дури и различни културни и општествени модели. – информираат од ВМРО – ДПМНЕ.

Во соопштението се вели и дека Европската Народна Партија ќе продолжи целосно да ги поддржува шесте земји, нивните институции и граѓаните преку процеси на демократизација и модернизација на патот кон членството во ЕУ.

Главните пораки од конференцијата според соопштението се поддршката на политичкиот дијалог помеѓу Европската Народна Партија и земјите од регионот, проценувајќи ја секоја држава на индивидуално ниво според нејзините заслуги, како и инсистирањето на реформите во областа на владеење на правото, борбата против корупцијата и билатералната соработка.

Конференцијата ќе биде отворена од Претседателот на групата на ЕПП во Европскиот Парламент Манфред Вебер.

Ќе се одржат два панели – “Зголемувањето на прекуграничната соработка и справување со безбедносните прашања” и “Зајакнување на социјал економскиот развој преку регионално вмрежување и дигитална економија” првиот ќе биде модериран од страна на Елмар Брок, а втората ќе биде модериран од Едвард Кукан.

Покрај Александар Николоски обраќање ќе имаат и Бакир Изетбеговиќ, Претседавач на Претседателството на БиХ, Лулзим Баша, лидер на Демократската Партија на Албанија, Авдулах Хоти Претседател на ПГ на Демократската лига за Косово. Црна Гора ќе биде претставувана од министерот за надворешни работи Срѓан Дармановиќ и Србија ќе биде претставувана од страна на министерот за европска интеграција Јадранка Јоксимовиќ.

Покрај другите ќе земат учество и Дубравка Шуица, заменик претседател на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, Алојз Петерле, Туне Келам и други европратеници. Конференцијата ќе ја затвори евро комесарот за преговори за проширување Јоханес Хан и Жозев Дол, претседател на Европската Народна Партија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

ЕУ дискутира за епидемиолошката состојба во „трети земји“ на секои две недели и го ажурира списокот на оние земји што се сметаат за безбедни за патување

Од 25 јуни Германија ќе дозволи влез на патници кои не се од ЕУ, но само со примени две дози вакцина

Од 25 јуни германската влада ќе им дозволи на патниците надвор од ЕУ кои ги примиле двете...

Настанот е пријавен во Одделенито за внатрешни работи од каде потврдуваат дека е приведено едно лце под сомнение дека е сторител на казненото дело „убиство во обид“.

Тешко ранет жител на Дебар!

Дебар,18 јуни 2021(МИА) – А.И. од Дебар синоќа бил ранет со огнено оружје, а поради сериозноста...

На Задушница се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите

Православните христијани денеска и утре го празнуваат Задушница

Православните христијани денеска и утре го празнуваат Задушница во чест на душите...

Зоран Заев со секоја нова изјава продава се повеќе и повеќе, позициите на државата со Заев се трајно разнишани.

ВМРО-ДПМНЕ со молба до Заев да си оди лош бил, Заев не молеше беше на улица!

Заев повторно на маса вчера става отворање на Уставот и ветува работи за кои нема согласност. Воедно...