
Живот
Интервју
Кога се иницираше целата работа околу ново мнозинство, идејата на пратениците на БЕСА беше последни да се потпишат на списокот, а Кастриот Реџепи да биде 61-иот, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
-Толку многу зборуваше против Владата и Заев, и сакаше да биде 61-виот и ете е потпишан. Па се потпиша на четири списоци како 61-ви пратеник. Затоа што, според него, владата требаше да падне.
Па и тоа беше малку, зборуваше за некое интервју кое го дал меѓу двата изборни круга дека владата треба да падне – рече Николоски на ТВ 21.
Тој додаде дека до пред гласањето Реџепи не кажал ниту еден збор против иницијативата за уривање на Владата.
Имаше пратеник кој имаше забелешки, со кој успеавме да ги надминеме, и тоа е многу чесно и принципиелно, најдовме заеднички јазик, човекот излезе и кажа дека ќе гласа. А, вие да молчите и да не се појавите на гласање, доволно кажува дека нема добра волја – изјави Николоски.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.