
Македонија
Вести
Продолжува билатералната соработка меѓу Македонија и Унгарија. Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски денеска во Будимпешта имаше средба со Балаш Орбан на која се потврдија пријателските односи меѓу двете држави. Унгарија е наш партнер, а тоа се покажа со финансисиската помош од 500 милиони евра, но и со дела како помошта во гаснењето на пожарите во нашата земја.
Николоски – Орбан: Продолжува соработката меѓу Македонија и Унгарија
Александар Николоски се огласи по средбата со Балаш Орбан кој е политички директор во Владата на Виктор Орбан.
Одличната соработка со Унгарија и носи економски и политички напредок на Македонија. Унгарија ја потврди поддршката за справување со пожарите Имав одлична средба во Будимпешта со Балаш Орбан, политичкиот директор на шефот на Владата и долгогодишен поддржувач на Македонија, пишува Николоски на својот Фејсбук профил.
Помош со дела: Финансиска помош, гаснење пожари
На средбата се потврдија досега познатите постулати дека Унгарија е пријател на Македонија.
Уште еднаш ги потврдивме одличните пријателски односи меѓу двете земји, разговарајќи за економските и политички случувања во Македонија. Унгарија е наш партнер во спроведување на евроинтегративните процеси и голем поддржувач на Владата, особено тоа се потврди преку директната финансиска помош од 500 милиони евра за граѓаните и за развој на македонската економија. Изразив голема благодарност за помошта од унгарската влада, особено за поддршката што ја овозможува за справување со пожарите во нашата земја, заклучува заменик претседателот на Владата, Александар Николоски.
Објавата на Николоски може да ја погледнете во продолжение:
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.