Македонија
Вести
Општината, Државниот пазарен инспекторат, Министерството за внатрешни работи и Министерството за економија кое во два наврати во 2021-ва и 2023-та година издало лиценца за работа на дискотеката „Пулс“ во Кочани, се институциите кои морале да согледаат и евидентираат одредени неправилности. Николоски вели дека објектот во кој беше сместена дискотеката е изграден 1999 година според тогаш важечкиот план на општината со намена за лесна незагадувачка индустрија. Доградените 50 метри квадратни биле легализирани согласно Законот за легализација на дивоградби од 2011-та година. Адаптациите и реконструкцијата на објектот биле направени без никакво одобрение. Приватна фирма требало да утврди дали објектот е според стандарди или не.
„Ставен е печат дека ги исполнува условите од одредено правно лице кое невидело што се случува, а ставило печат или пак видело ама го игнорирало. Согласно законот за добивање лиценца се поднесува барање во кое треба да се достави пријава за исполнување на минамално-технички услови и согласност од МВР дека се исполнети условите за заштита на јавен ред и мир и сообраќај. Министерството за економија по службена должност ги прибавува документите, а подносителот поднесува изјава дека ги исполнил сите услови. Според мене законот не е добар и треба да се смени.“ – вели Александар Николоски – Вицепремиер и министер за транспорт.
Одземени 97 лиценци за работа во градежништвото. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека вонредните контроли покажале дека дури 15% од фирмите кои поседуваат легални А и Б лиценци за изведувачи на градби од прва и втора категорија, надзор, ревизија, изработка на урбанистички планови и управители за одржување на објекти не ги исполнуваат условите за работа. Досега Министерството за транспорт исконтролирало 643 од 1100 издадени лиценци согласно Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање.
„На 13 правни лица одземена им е лиценца А за изведувач на градби од прва категорија, на 34 правни лица одземена им е лиценца Б за изведувач на градби од втора категорија, на 2 правни лица одземена им е лиценца А за надзор над изградбата на градби од прва категорија, на 6 правни лица одземена им е лиценца Б за надзор над изградбата на градби од втора категорија, на 3 правни лица одземена им е лиценца А за проектирање на градби од прва категорија, на 20 правни лица одземена им е лиценца Б за проектирање на градби од втора категорија, на 2 правни лица одземена му е лиценца Б ревизија на проектна документација на градби од втора категорија, на 1 правно лице одземена му е лиценца за управител за одржување на објекти од прва и втора категорија, на 16 правни лица одземена им е лиценца за изработка на урбанистички планови“ – вели Александар Николоски – Вицепремиер и министер за транспорт.
Контроли ќе има и кај превозниците во патниот сообраќај. Владаtа најавува ревизија на сите издадени лиценци по кој било основ во Македонија. Вицепремиерот Николоски алармира дека законите се контрадикторни, се исклучуваат еден со друг и оставаат голем простор на совеста на компаниите кои добиваат лиценци. Се подготвуваат измени во многу закони кои ја уредуваат проблематиката на лиценците, а планирано е редовни контроли да се вршат барем на секои 6 месеци.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести
Промоција
Тикер вести
You must be logged in to post a comment.