Министерката за финансии Нина Ангеловска во интервју за неделникот „Фокус“вели дека како министер за финансии ќе презема низа мерки за сузбивање на сивата економија.
Министерката Ангеловска вели дека единствено кога губи сивата економија, добиваат сите. Покрај надоградување на проектот Мој ДДВ, ќе има и други мерки. Таа изјави дека во Министерството се прават анализи кои ќе покажат какви се ефектите на одделни мерки.
Тука повторно ќе ја посочам технологијата како клучно средство за постигнување на таа праведност и ефикасност. Следете што работам, ќе има промени, зашто секогаш сѐ може подобро. Оние за кои проверките ќе покажат дека можеби не ги даваат очекуваните резултати и не ги остваруваат зацртаните цели, ќе се менуваат, укажува Ангеловска во интервјуто, информираат од Министерството за финансии.
Економијата во Македонија е во добра кондиција, вели министерката. Растот на БДП во првото полугодие изнесуваше 3,6 проценти и е на широка основа, со раст во градежништвото, индустријата и земјоделството, како и раст на приватната потрошувачка и раст на бруто-инвестициите.
– Како резултат на добрите показатели, ММФ, Европската комисија, рејтинг агенцијата Фич, веќе го зголемија проценетиот раст на БДП за Република Македонија, за годинава. Врз основа на се ова, реални се очекувањата дека во 2019 година ќе биде остварен проектираниот економски раст од 3,5 проценти, вели Ангеловска.
– Одвреме-навреме се јавуваат извозници и експерти кои одново го отвораат прашањето за курсот на денарот, барајќи промени поврзани со основното монетарно сидро. Тоа можеби би довело до краткорочно стимулирање на извозот, но ќе предизвика ценовни притисоци, неизвесен амбиент, а со тоа и нарушување на вкупната макроекономска стабилност, нагласува министерката за финансии.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.