Проектираниот БДП за оваа година беше ревидиран нагорно на 3,2 отсто.

Објавил: Сара Фемина | 19 септември, 2019 16:51

НИНА СО ПОФАЛБИ: „Македонија е во првите 10 земји во ЕУ и регионот според ставка на раст на БДП„

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

– Не расте во Македонија само градежништвото, туку растат и земјоделската активност, индустриското производство, трговијата од услугите, значи се работи за раст навистина на широка основа, рече министерката за финансии Нина Ангеловска која дебатираше во собраниската Комисијата за финансирање и буџет, каде од денеска почна расправата по предложениот ребаланс на Буџетот за 2019 година.

Министерката за финансии Нина Ангеловска која дебатираше во собраниската Комисијата за финансирање и буџет, каде од денеска почна расправата по предложениот ребаланс на Буџетот за 2019 година, рече дека Македонија е во првите 10 земји во ЕУ и регионот според ставка на раст на БДП и дека проектираниот БДП за оваа година беше ревидиран нагорно на 3,2 отсто.

Растот за годинава е ревидиран на 3,2 проценти, а во наредната година се очекува да се интензивира и да изнесува 4,2 отсто, а во 2021 година да достигне до пет проценти.

– Македонија е во првите 10 земји во ЕУ и регионот според ставка на раст на БДП. Проектираниот БДП за оваа година беше ревидиран нагорно на 3,2 отсто. Тој веќе има реализација од 3,6 во првото полугодие. Нашиот економски раст го препознаваат и интернационалните институции го докажува тоа што и меѓународните финансиски институции го ревидираат во нагорна линија растот, рече министерката.

– Не расте само градежништвото, туку растат и земјоделската активност, индустриското производство, трговијата од услугите, значи се работи за раст навистина на широка основа. Економските трендови се добри и тоа го покажуваат податоците. За 2020 се очекува економскиот раст да се интензивира на 4,2 проценти и пет процнети во 2021 година, рече Ангеловска.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Имено, според официјалниот документ од Управата за јавни приходи, фирмата Еленица која е во сопственост на Трајче Заев има неподмирени долгови спрема државата во вредност од 9. 959. 869 денари по основ на данок на додадена вредност како и по основ на данок на добивка.

Вице и Трајче Заеви и должат на државата над 26 милиони денари

Според најновата црна листа на должници која ја објави Управата за јавни приходи на...

Премиерот додаде дека за намалувањето на цената на зелениот картон на ниво на земјите во регионот се преговара со осигурителните компании, како и за сè она што претставува трошок во зелениот картон.

Конечно и кај нас ќе поевтини зелениот картон!?

Работиме на намалувањето на цената на зелениот картон за осигурување на возилата при...