И покрај забелешките на водителот Васко Попетревски дека јавно соопштените информации говорат оти Русковска освен исказот имала и други докази, Мицкоски не отстапи од тезата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 септември, 2019 19:40

Нинџа со остра реакција: Мицкоски шири невистини и клевети за да ми го наруши угледот и честа

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Александар Василевски – Нинџа, е еден од осудените за настаните на крвавиот четврток. Нинџа доби осум години затвор за упадот во Собранието на 27. април 2017 година.

Нинџа, преку адвокатското друштво „Давидовиќ-Јанковиќ“, реагира дека Мицкоски шири невистини и дека со ваквите тврдења ја загрозува неговата безбедност и безбедноста на неговото семејство.

По петочното дебатно издание на емисијата „360 степени“ каде гостуваше лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Нинџа, преку адвокатското друштво „Давидовиќ-Јанковиќ“, реагираше дека Мицкоски шири невистини и дека со ваквите тврдења ја загрозува неговата безбедност и безбедноста на неговото семејство.

Имено во гостувањето лидерот на ВМРО, правејќи паралела меѓу „Рекет“ и настаните од 27. април, кажа дека обвинителката Вилма Русковска успеала да внесе во затвор обвинети за „крвавиот четврток“ врз основа на еден исказ.

И покрај забелешките на водителот Васко Попетревски дека јавно соопштените информации говорат оти Русковска освен исказот имала и други докази, Мицкоски не отстапи од тезата.

-Исказот на едно лице за случајот 27. април, неправедно внесе во затворска казна луѓе кој што се осудени на 18, 15, 12 години, затоа што истите тие лица таму се наоѓаат поради исказ на само едно лице, без ниту еден доказ, кажа Мицкоски, кој на новинарско прашање потврди дека мисли на Нинџа.

На ова Нинџа, преку адвокатското друштво „Давидовиќ-Јанковиќ“, остро реагираше дека Мицкоски шири невистини.

„Доколку ја прочитал пресудата, а сигурни сме дека тоа не го сторил, Мицкоски многу лесно ќе констатираше дека во пресудата, која е напишана на преку 1 000 страници, на неколку десетици страни во пресудата се набројуваат доказите кои судот ги извел како доказ и врз основа на кои ја темели пресудата. Само еден од доказите е исказот на Александар Василевски – Нинџа. Дали доказите се доволни и во колкава мера за да го докажат постоењето на кривичното дело кое им се става на товар на обвинетите не сакаме да коментираме, за тоа веќе сме го кажале своето мислење и во текот на постапката и во медиумите по завршување на истата.Тврдењето дека само врз основа на исказот на Александар Василевски Нинџа е донесена пресудата е невистинито и тендензиозно, со намера да се наштети на неговиот углед и чест, а веродостојноста на неговиот исказ да се намали. Покрај ова, не е точен фактот дека изјавата на Василевски е менувана трипати, бидејќи изјавата во основа и својата суштина не е сменета и покрај тоа што е трипати давана, туку истата е надополнувана со уште некои детали. Сево ова може лесно да се утврди од исказите на Василевски“, пишува во демантот.

Реакцијата можете да ја прочитате на порталот на „360 Степени“ на следниот линк.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Меркел по самитот на лидерите на ЕУ во Брисел рече дека не е тајна оти за време на расправата за проширување, Франција, Холандија и Данска имале резерви кон натамошните чекори на Скопје и Тирана.

Меркел жали дека немало консензус за отворање преговори со Северна Македонија и Албанија

Германската канцеларка Ангела Меркел на крајот на Самитот во Брисел изрази дека немало...

На лидерската средба, како што соопштија од кабинетот на претседателот, се поканети претседателот на СДСМ Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ Али Ахмети претседателот на Алијанса за Албанците Зиадин Села, претседателот на Алтернатива Африм Гаши и претседателот на Движење Беса Билал Каса

ПЕНДАРОВСКИ ИСПРАТИ ПОРАКА ДО НАЦИЈАТА: Време е да се обединиме – претседателот закажа лидерска во недела

Лидерска средба на иницијатива на претседателот Стедво Пендаровски, на која ќе присустуваат...

Доколку биде направена таква грешка тогаш не треба да се лутиме за проблемите што ќе настанат – што ќе има џихадисти, влијанија од Русија, Турција или Кина.

БОРИСОВ: „Би се направила историска грешка ако ЕУ ги одбие Македонија и Албанија„

Република Македонија и Албанија треба веднаш да добијат датум за преговори. Би се направила...

Инаку непосредно пред почетокот на Европскиот совет во Брисел, францускиот претседател Емануел Макрон при пристигнувањето во Советот им се обрати на новинарите и во таа пригода не кажа ништо за прашањето за проширувањето и датумот за почетокот на преговорите, кое ќе биде една од точките на Самитот, јавува дописникот на МИА.

Дописничката на МИА напиша: Македонските лидери да сфатат дека за Македонија нема место во ЕУ

Дописничката на државната МИА, внука на Борјан Јовановски, Тања Милевска апелира до...