Комисијата при Министерството за здравство во континуитет ја следи состојбата низ целата држава и јавноста соодветно ќе биде информирана.

Објавил: Сара Фемина | 17 февруари, 2021 9:15

НИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ ОД ЖОЛТА ФАЗА ВО ЦЕЛА ДРЖАВА, МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО СО ПРЕПОРАКИ ДО НАСЕЛЕНИЕТО

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Комисијата за превенција од штетни ефекти од студени бранови при Министерството за здравство по добиената најава од Управата за хидрометеоролошки работи информира дека целата територија на државата ќе биде зафатена со ниски температури кои ја дефинираат жолтата (алертна) фаза.

На целото население се препорачува да се посвети внимание на заштита на здравјето, особено носење топла повеќеслојна облека, соодветни обувки за снег и мраз, почеста консумација топли напитоци, избегнување алкохол, бидејќи го зголемува ризикот од хипотермија, како и редовно земање на пропишаната терапија кај хронично болните, а во случај на потешкотии со дишењето, се препорачува граѓаните веднаш да се јават кај својот матичен лекар. 

Воедно, се препорачува да се избегнува практикување физичка активност на отворено, а при движење особено да се внимава на лизгави површини.

Комисијата при Министерството за здравство во континуитет ја следи состојбата низ целата држава и јавноста соодветно ќе биде информирана.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Совети

Информациите од регулаторните тела од Германија и Канада, од вчера, се дека оваа вакцина привремено ќе ја користат само кај популација постара од 60 години.

ФИЛИПЧЕ: АСТРА ЗЕНEКА Е БЕЗБЕДНА ЗА ВОЗРАСНИТЕ ГРАЃАНИ

Вакцината на Астра Зенека е безбедна за возрасните групи граѓани со кои денеска ја...

Кокцигеалниот сегмент е составен од крстната коска која е формирана со спојување на 3 до 5 мали прешлени. Најчесто крстната коска е составена со спојување од 4 мали прешлени, но кај некои луѓе можно е таа да биде составена од 3 или 5 мали прешлени, што не влијае на нејзината функција.

ЗДРАВЈЕ: Структура и функција на здравиот ’рбет

Рбетот претставува комплексна структура која овозможува стабилност и мобилност на...

75 % од жените кои имаат карцином на дојка немаат семејна историја за оваа болест. Фактот што се „жени“ е доволна причина да го носат ризикот од карцином на дојка.

10 ризик фактори за карцином на дојка

10  ризик фактори за карцином на дојка. Пол: Карциномот на дојка најчесто се јавува...

-Постојат неколку типа на ХПВ вакцини, двовалентна, четиривалентна и деветовалентна. Секундарна превенција претставува скрининг за цервикален карцином. Скринингот се спроведува со правење на ПАП тест и/или ХПВ типизација, во зависност од скрининг програмата и политиката на земјата во која се изведува.

ПРИМАРНА ПРЕВЕНЦИЈА НА РАКОТ НА ГРЛО НА МАТКА Е ВАКЦИНАЦИЈАТА СО ХПВ ВАКЦИНА – ЈАНУАРИ ПОСВЕТЕН НА БОРБА ПРОТИВ РАКОТ НА ГРЛОТО НА МАТКАТА

Доктор Горан Димитров, претседател на Македонското здружение за цервикална патологија...