Силјановска Давкова: Ниту еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за Бехтел и Енка договорот затоа што немаше реална аргументација од власта

Објавил: Владо Марин | 21 јули, 2021 22:14

Ниту еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за Бехтел и Енка договорот затоа што немаше реална аргументација од власта

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На вечерашната трибина „Промоции на политики – Македонија за сите луѓе“ во општина Карпош се обрати пратеничката Гордана Силјановска Давкова која што истакна дека равен илузионизам владее во оваа земја со оваа власт, и нагласи дека ниту еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ не гласал за Бехтел и Енка договорот.

„Ако немаме силни институции тогаш нема да имаме ни добри закони. Ние немаме институции, а не добри институции. Правен илузионизам владее во оваа земја, со оваа власт. Во моментов имаме речиси 5890 закони замислете, донесени за 30 години.

Луѓето мислат дека произведувајќи регулатива прописи, норми, дека ќе ги решат проблемите. Нашите закони не решаваат општи прашања, општи проблеми, туку лични и колективни. Затоа тие се хартија, затоа не се носат во редовна процедура, најчесто се носат во скратена постапка, за да се избегне дебатата, за да се избегне инклузивниот модел и се разбира го распрталија европското знаме“ нагласи Силјановска Давкова

Силјановска Давкова посочи дека понекогаш ја зачудува молкот на европските институции во Македонија.

Туку што беше изгласан таканаречениот закон за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор делница Тетово -Гостивар- Букојчани проектот за автопатот Требеништа- Струга-Ќафасан, и коридорот 10,исто постапката скратена.Ви личи ли ова на закон? не ова е каконекој меморандум, квази договор. И како може да утврдите стратешки интерес со приватна компанија односно корпорација. Ниту еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за овој закон. Тие едноставно го игнорираа овој закон после една сериозна аргументирана критика со отворени дилеми на кои што бараа одговор. Дури и нашиот претседател на државата си го потпиша законот така со еден потег на перото и потоа исто се повика дека никој не бил против и се повика на уставниот суд. Ако падне овој закон на уставен суд претседателот треба да си добие импичмент за кршење на уставот министерот за борба со корупција треба да си поднесе оставка а и другите двајца министри тоа ќе биде доказ дека има спремност за владеење на правото“ -истакна Силјановска Давкова.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Со прогласување на кризната состојба државата ке може да ги искористи и приватните субјекти и нивните капацитети за справување со алрамантната ситуација со пожарите во земјава

Управувачкиот комитет побара кризна состојба во следните 30 дена

Безбедносните институции во земјава поради ситуацијата со пожарите сепак  предлагаат...

Бугарскиот претседател Румен Радев остварил разговор со неговиот македонски колега Стево Пендаровски во врска со големиот пожар кај Кочани, соопшти Кабиентот на Радев.

Бугарската влада ќе испрати 25 пожарникари во Македонија

По наредба на преодниот премиер Стефан Јанев, Бугарија испраќа поддршка за Република...

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата...