Според професорите, експертите и опозициската ВМРО, реформите во Македонија се одвиваат со незадоволително темпо.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 мај, 2019 11:41

Ништо не е сработено- ниту професорите не и дадоа пролазна оценка на власта за реформите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Професорската фела во Македонија, незадоволна од реформите во државата и бавното темпо за влез во ЕУ.

Според професорите, експертите и опозициската ВМРО, реформите во Македонија се одвиваат со незадоволително темпо.

Давитковски изјави дека нема реформи во јавната администрација 

Вчера во дискусија на тема ,,Дали имаме реформи и зошто не?’’, професорите посочија дека јавната администрација и натаму е сектор во кој најтешко се спроведуваат промени.

Борче Давитковски, поранешен декан на правниот факултет, сега професор вели дена ништо не е сработено во однос на реформите во јавната администрација.

-Фактички ништо не е сработено во поглед на реформите во јавната администрација. Жалам што морам така да констатирам, но сепак е тоа вистина. Се уште немаме единствени ставови за државните интереси, ние имаме партиски интереси, тоа е многу лошо за развој особено за реформирање на јавниот сектор, вели професорот Борче Давитковски.

Гордан Калајџиев пак кој исто така е професор на Правен Факултет Скопје, се согласи со Давитковски дека актуелната власт не спроведува реформи, бидејќи според него ова што е сега во тек не може да се поразбере како реформа.

-Ова што е во тек, тешко и да може да се именува со реформа, бидејќи зборот реформа подразбира или менување на некои модели или менување сериозно на организацијата. Се работи за палијативни решенија за илузионизам реформски, во однос дека очекуваме законите со некакви ситни измени да направат голема реформа, што е впрочем невозможно. Ниту пак начинот на кој ги спроведуваме вистински и инклузивно, вели професорот Гордан Калајџиев.

На реформите реагираа и од ВМРО, од каде порачаа дека Владата две години не направи ниту една реформа, ниту пак проект во насока на приближување кон ЕУ.

Реформите кои се потребни за влез во ЕУ се одвиваат со бавно темпо, а не како очекуваното. Ова го коментираат експертите и професорите од Правниот факултет во Скопје. Немањето на реформи и неспособноста на власта се факт, кој го потврдуваат и експертите велат од ВМРО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести