При уписот, родителите мора да приложат уреден вакцинален картон. Доколку во него не е наведено дека детето примило МРП вакцина, нема да може да посетува градинка, без разлика дали веќе е запишано (пред епидемијата) или од почеток треба да се запишува.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 јули, 2019 16:31

Ни по завршување на епидемијата од морбили невакцинирани деца нема да бидат примени во градинка

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Децата кои не се вакцинирани, нема да се примаат во градинка дури и да заврши епидемијата на морбили.

Мали сипаници или морбили е високо инфективна болест на респираторниот систем предизвикана од вирус од групата миксовируси (paramyxovirus), од родот Morbillivirus.Болеста најчесто се јавува кај малите деца, при што не се исклучени и бебињата (иако тие во првите шест месеци од животот се заштитени преку имунитетот од мајката). Симптомите вообичаено започнуваат да се јавуваат 10–12 дена после изложувањето и траат 7–10 дена.

При уписот, родителите мора да приложат уреден вакцинален картон. Доколку во него не е наведено дека детето примило МРП вакцина, нема да може да посетува градинка, без разлика дали веќе е запишано (пред епидемијата) или од почеток треба да се запишува.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, вели дека како Влада ќе продолжат да го почитуваат законското решение пред се за здравјето на децата.

За да може да ги заштитиме сите деца, важно е тие да се вакцинирани, тоа е светска пракса и сметам дека тоа треба да продолжи. Ние како влада само ги почитуваме законите кои се многу години пред нас донесени изјави Царовска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Станува збор за вакцини од реномирани странски производители, меѓу кои 27.000 вакцини се од „Мајлон Абот“ (Mylon Abot), а 1.000 вакцини од „Санофи“ (Sanofi).

Почнува бесплатно вакцинирање против сезонски грип

Бесплатно вакцинирање против сезонски грип, со кое се опфатени постари лица на возраст...

Ако се разгледаат информациите на Бирото за јавни набавки паѓа во очи и податокот дека во последниве два месеци министерствоо има донесено и преку 70 одлуки со кои се поништуваат веќе почнати јавни набавки, така што ако и овие биле завршени, ќе имало уште повеќе набавки.

ВРТОГЛАВА СУМА : 39 милиони евра потрошило Министерството за здравство за јавни набавки

Институтот за граѓански комуникации неодамна излезе со податок дека од анализирани...

И во 2016 година во истоветниот период била прогласена епричела на ниво на општина Крива Паланка и Ранковце, што покажува дека станува збор за заразно заболување кое се јавува циклично.

НОВА ЕПИДЕМИЈА НА СИПАНИЦИ: Во Крива Паланка и Ранковце е прогласена епидемија на варичела

Според податоците за пријавени случаи на лица заболени од овчи сипаници од Подрачната...