Драг Novak Djokovic, твојата изведба на преубавата "Македонско девојче" нѐ воодушеви сите во нашата земја.

Објавил: Рејхан Бајрами | 6 јули, 2019 15:34

Новак ја воодушеви Македонија, а за возврат Заев го покани Ѓоковиќ да ја посети земјава!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Новак Ѓоковиќ денеска постана најомилениот човек во Македонија, откако во директен пренос изјави дека го сака Охридското езеро и ја запеа „Македонско девојче“.

Зборовите од Ѓоковиќ никого не оставија рамнодушен, дури и премиерот Зоран Заев преку социјалните мрежи јавно му се заблагодари на Ѓоковиќ и го покани во Охрид и Скопје да ги запознае Македонските убавини.

Премиерот му упати отворена покана во име на Владата и во име на граѓаните на Република Македонија.

Драг Novak Djokovic, твојата изведба на преубавата “Македонско девојче” нѐ воодушеви сите во нашата земја.
Прекрасно е чувството кога Ас како тебе се обраќа со почит и љубов на нашиот македонски народ и на сите граѓани во Северна Македонија🇲🇰.
Те чекаме во Охрид и Скопје и на сите други убави места, тука во нашиот мозаик од култури и вредности. Ти упатувам отворена покана во име на Владата и во име на нашите граѓани.
Воедно, те следиме на Вимблдон 🎾 и ти посакуваме успех.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

За порталот Фактор обвинители од СЈО, потврдуваат дека во канцеларијата на Јанева  има слики, плакати, саксии за цвеќе, но имало и пијалоци и десерти  но се уште не е познато како тие би биле земени од канцеларијата која според информации на Фактор, моментално е затворена, а СЈО работи формално, односно државниот јавен обвинител Љубомир Јовески даде наредба обвинителите да одат на работа за да ги чуваат предметите.

Иднината на Катица во рацете на Рускоска- таа ќе одлучува за подароците и парите на Јанева

Разрешената специјална јавна обвинителка која во моментот се наоѓа во притвор во затворот...

Собраниската зграда за чие разубавување претходната власт, според некои медиуми, потроши 20 милиони евра во рамки на проектот Скопје 2014, сега троши уште народни пари.

Издвоени 50 илјади евра за разубавување на собраниската зграда

Собранието планира да потроши 2,9 милиони денари или безмалку 50.000 евра за да набави...

Ваквата информација за „Фокус“  ја потврдуваат неколку обвинители. Наводно едно од барањата на Јанева било парите од „црниот фонд“ да и се дадат за да ги плати трошоците за нејзина одбрана, како осомничена во „Рекет“.

„Црниот фонд“ на СЈО служел за свадби и прослави- Јанева ги барала парите да плати надоместоци

Иако адвокатката на Катица Јанева негираше, сепак специјалната јавна обвинителка...