
Свет
Вести
Новак Ѓоковиќ доби официјална дозвола за влез во Австралија. Австралискиот судија Ентони Кели истакна дека аргументите на локалните власти се ништовни и ја поништи нивната одлука за укинување на визата и депортирање на најдобриот тенисер на планетата.
Српскиот тенисер во изминатите неколку дена преживеа вистинска тортура.
Од добивање медицинско ослободување и летање за Мелбурн, а потоа задржување и префрлање во хотел за мигранти, па се до конечниот триумф.
Победи Новак, победи неговиот адвокатски тим, победи цел свет и желбата најдобриот тенисер на сите времиња да биде на теренот во Мелбурн.
Му го извалкаа името, го карактеризираа и го нарекуваа со секакви имиња, но безуспешно шампионот е тука, во својата омилена „џунгла“ и тргнува во поход за историски рекорд!
Ник Кирјос најави што ќе се случи доколку Новак добие можност да се натпреварува во Австралија.
Најави, а тоа наскоро очекуваме да го видиме на дело. Нема сомнеж дека српскиот тенисер ќе биде помотивиран од кога било досега!
Истакнувањето на врвот на листата на најдобри тенисери е на повидок!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.