Заев како претседател на СДСМ и градоначалник на Струмица, според наведеното во документацијата, бил замешан во купопродажба на гласови во која исто така учествувал и брат му Вице Заев.

Објавил: Македонка Димкин | 25 јануари, 2020 7:00

Нова Бомба од Ларис Гајзер: Во 2014 г, Заев бил дел од мрежа за изборни нерегуларности.

Фото/Текст извор: ©ла верита

“Купопродажба на гласови во Македонија”

Досие за Заев, омилениот премиер на ЕУ, околу кого се стеснува кругот. Истрага од обвинителството во Скопје: За време на изборите во 2014, Заев бил дел од мрежа за изборни нерегуларности. Што ќе каже сега неговиот спонзор Могерини? 

од Ларис Гајзер (25.01.2020)

Како што беше истакнато во Август по објавувањето на доказите поврзани со случајот “Рекет,”коишто придонесоа за пад на владата на социјалистот Зоран Заев, весникот “Ла Верита” продолжи со својата истражувачка активност во потрага по нови случаеви коишто би можеле да го потврдат криминалното раководење со власта за време на мандатот на екс премиерот.

По месеци работа и прегледување на стотици документи, проверувајќи ја автентичноста на фактите и осигурувајќи ја максималната сигурност на изворите, може да продолжиме со објавување во три делови на документи во рацете на македонското обвинитлество што инсинуираат дела за корупција и активности поврзани со изборни измами од страна на Заев. Тој за време на парламентарните избори во 2014г., како претседател на СДСМ и градоначалник на Струмица, според наведеното во документацијата, бил замешан во купопродажба на гласови во која исто така учествувал и брат му Вице Заев.

По месеци работа и прегледување на стотици документи, проверувајќи ја автентичноста на фактите и осигурувајќи ја максималната сигурност на изворите, може да продолжиме со објавување во три делови на документи во рацете на македонското обвинитлество што инсинуираат дела за корупција и активности поврзани со изборни измами од страна на Заев. Тој за време на парламентарните избори во 2014г., како претседател на СДСМ и градоначалник на Струмица, според наведеното во документацијата, бил замешан во купопродажба на гласови во која исто така учествувал и брат му Вице Заев.

Доказите за таквите измами ги добивме кога македонското обвинителство, по официјалната пријава, навремено спровело посебни истражни мерки, меѓутоа без да отпочне судски процес против осомничените. Со оглед на тоа што за откриеното потенцијално кривично дело, од кривичната пријава број 50/16 во обвинителството за организиран криминал, не се застарени роковите и за скоро сето ова би требало да води кон нов развој на настаните од страна на тие што го водат случајот. Во следните денови за да не влијаеме негативно на употребливоста на материјалите кои се се уште на располагање на обвинителството, ќе објавиме кратки сублимирани извадоци од дел од документите од истрагата.

Податоците од истражните мерки на делото, според релевантни индиции водат кон Зоран Заев, кој според едно видео скоро објавено во Македонија токму во тој период се фалел дека е одбран од Европската Унија за да ја води земјата во иднина, а тоа ја потврдува нашата теза кажана во минатото, недемантирана ниту од засегнатиот, дека лидерот на социјалистите отсекогаш знаел за нелегалните активности на неговите соработници.

Фактот што во 2014г. македонското обвинителство отворило истрага за Заев, ја зголемува одговорноста на Могерини, екс-претседателот на ЕК Јункер, и на администрацијата на Обама, бидејќи го одбрале Заев како нивен човек од доверба. Тоа што обвинителството во тој период не успеало да го процесуира случајот, според аналитичарите би можело да значи и дека имало паралелен договор помеѓу тогашниот премиер Груевски и марионетата на Могерини, Зоран Заев. Со оглед на тоа што Груевски, преку неговиот братучед и доверлив шеф на тајните служби Сашо Мијалков, имал достап до секоја информација, реално е да се помисли дека ги знаел и сите детали за истрагата која што ние ја анализиравме.

На парламентарните избори вo 2014 не победи СДСМ, но во секој случај тој изборен циклус го одбележа почетокот на институционалната криза којашто и ден денес е присутна во Македонија. Без разлика на ветувањата за принципиелна оставка во случај на пораз, Заев остана на неговото место изјавувајќи дека не ги признава изборните резултати и дека сака да го бојкотира новиот парламент.

Од тогаш почна тешкото контрирање кон премиерот Груевски и отворената поддршка за Заев од страна на одредени западни тајни служби, Могерини и Сорос, кои го снабдија претседателот на СДСМ со снимени разговори кои го отсликаа непотистичкиот систем на тогашниот премиер. Исто така Заев имаше и финансиска поддршка се до неговото доаѓање на власт благодарение на криминалната употреба на снимените разговори предадени на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Новата институција се создаде по барање на Могерини за да се легализираат снимените разговори што ги доби Заев. Институција СЈО беше доверена на личност којашто, врз база на доказите претходно објавени од наша, сега се наоѓа на суд.

Во изминатиов период во Македонија немаше темелна обвинителска истрага поврзана со документацијата анализирана од наша страна, ниту пак имаше неселективен судски процес, базиран на владеењето на правото, кој би ги расветлил начините на владеење и криминалните шеми кои постојат во земјата. Наша желба е документите што ги поседуваме да ја активираат работата на обвинителските институции во Македонија, и како што подвлече новиот унгарски Комесар за проширување Оливер Вархели за време на посетата на Скопје минатата недела, да помогнат на обвинителите да докажат дека се способни да го променат своето делување пред крајот на месец Март. Комесарот се надева дека дотогаш македонскиот парламент ќе може конечно да подготви закон за Јавно Обвинителство доближувајќи го до стандардите на владеењето на правото на западните земји. Тоа би бил вистински чекор напред за влез во Европската Унија, еден ден.

Линк до оригиналот.

<iframe src=”http://content.jwplatform.com/players/uD56yUed-dgMMYQV1.html” width=”640″ height=”360″ frameborder=”0″ scrolling=”auto”></iframe>

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

ЕУ дискутира за епидемиолошката состојба во „трети земји“ на секои две недели и го ажурира списокот на оние земји што се сметаат за безбедни за патување

Од 25 јуни Германија ќе дозволи влез на патници кои не се од ЕУ, но само со примени две дози вакцина

Од 25 јуни германската влада ќе им дозволи на патниците надвор од ЕУ кои ги примиле двете...

Настанот е пријавен во Одделенито за внатрешни работи од каде потврдуваат дека е приведено едно лце под сомнение дека е сторител на казненото дело „убиство во обид“.

Тешко ранет жител на Дебар!

Дебар,18 јуни 2021(МИА) – А.И. од Дебар синоќа бил ранет со огнено оружје, а поради сериозноста...

На Задушница се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите

Православните христијани денеска и утре го празнуваат Задушница

Православните христијани денеска и утре го празнуваат Задушница во чест на душите...

Зоран Заев со секоја нова изјава продава се повеќе и повеќе, позициите на државата со Заев се трајно разнишани.

ВМРО-ДПМНЕ со молба до Заев да си оди лош бил, Заев не молеше беше на улица!

Заев повторно на маса вчера става отворање на Уставот и ветува работи за кои нема согласност. Воедно...