И во 2016 година во истоветниот период била прогласена епричела на ниво на општина Крива Паланка и Ранковце, што покажува дека станува збор за заразно заболување кое се јавува циклично.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 ноември, 2019 11:10

НОВА ЕПИДЕМИЈА НА СИПАНИЦИ: Во Крива Паланка и Ранковце е прогласена епидемија на варичела

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Според податоците за пријавени случаи на лица заболени од овчи сипаници од Подрачната единица на Центарот за јавно здравје Крива Паланка, прогласена епидемија на ова високозаразно заболување на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце.

Следејќи го пријавувањето на овчите сипаници на ниво на општина последните два месеца, се бележи зголемување на бројот на заболени лица. Почнувајќи од месец септември 2019, заклучно со 31 октомври регистрирани се вкупно 73 заболени лица, што е алармантна бројка споредено со истиот период минатата година, кога не е регистриран ниту еден случај на заболени од варичела, информира докторката Елена Крстевска-Ивановска, од ПЕ на Хигиено-епидемиолошка служба Центар за јавно здравје, Крива Паланка.

Од овчи сипаници, или варичела се разболуваат деца, но и трисетгодишници и постари луѓе.
Епидемиолозите и лекарите велат дека не паметат толку возрасни лица да се разболуваат од ова вирусно заболување, особено што се знае дека овчите сипаници се болест која најмногу ги напаѓа малите деца, и тоа до шестгодишна возраст.Варичелата остава траен имунитет, еднаш прележаната болест не се враќа.

И во 2016 година во истоветниот период била прогласена епричела на ниво на општина Крива Паланка и Ранковце, што покажува дека станува збор за заразно заболување кое се јавува циклично.

Од вкупно 73 заболени, 55 се регистрирани кај деца од предучилишна возраст, дечиња до пет годинки, кои посетуваат или не посетуваат предучилишни установи, а останатите се на возраст од 6 до 19 години, ученици во основните училишта во градот. Како резултат на зголемениот број заболени во училиштата и градинките се доставени информации за начинот на пренесување на ова заразно заболување и превземањето превентивни мерки со кои би се спречила опасноста од понатамошно ширење на болеста, додаде Крстевска-Ивановска.

Од вкупниот број регистрирани заболени од варичела, 51 лице е од град, додека 22 заболени се од руралните подрачја.Во однос на полот, заболени се 38 момчиња и 35 девојчиња.

Од ПЕ на ХЕС Центар за јавно здравје Крива Паланка посочија дека како превентивна мерка дадени се препораки до установите и извршена е едукација на населението со цел да се спречи понатамошна појава на ширење на заболувањето, а епидемиолошката состојба на подрачеј на општините во реонот се следи постојано.

Извор Лидер.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

За 30 проценти го зголемивме капацитетот на одделот за интензивно лекување. Истиот е целосно реновиран и обезбедена е нова медицинска и немедицинска опрема, како и нова централна климатизација на овој оддел, вели Филипче.

Филипче: Целосно е реновиран одделот за интензивно лекување на Клиниката за неврохирургија

Министерството за здравство информира дека изминатите три години на Универзитетската...

Ова е одличен резултат на политиката на инвестирање во млади лекари и медицински сестри. Само преку ваква грижа на младите им даваме шанса да останат и да работат во нашата земја, во нашето јавно здравство, потенцира Филипче.

Филипче: Во овој момент во Кичево нема невработен доктор на медицина

Во овој момент во Кичево нема невработен доктор на медицина, објави министерот за здравство...

Тој потенцираше дека Скопје се уште е најголемо жариште на вирусот, а Чаир е општина со најголем број на заболени

Д-р Стојанов: Сѐ поголем е бројот на млади кои завршуваат на респиратор

Др. Александар Стојанов, директор на Центар за јавно здравје Скопје за телевизија Сител...