Можен ли е пресврт на драмата со светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ?

Објавил: Македонка Димкин | 11 јануари, 2022 11:43

Нова истрага, сомнежите се дека Ѓоковиќ лажел на својата пријава за патување

Фото/Текст извор: ©DW.COM

Во најновиот пресврт на визната сага се појавија слики на социјалните мрежи кои што укажуваат на тоа тенисерот мамел во својата пријава, што може да го доведе во опасност визниот статус на Србинот.

Имено пред да пристигне во Австралија, во пријавата навел дека не патувал 14 дена пред неговото пристигнување во Мелбурн пишуваат австралиските медиуми. Објавите на социјалните мрежи го покажуваат Ѓоковиќ во Белград на 25 декември со ракометарот на Бенфика, Петар Ѓорѓиќ, но во друга објава од тениската академија Сото во Сотогранде Југоисточна Шпанија, тој бил виден како игра тенис на 31 декември. 34-годишникот пристигнал во Австралија на 4 јануари од Шпанија со попатна посета во Дубаи, што би значело дека ќе мора да биде во Шпанија од околу 13:30 часот на 22 декември за да се придржува до правилото забрана за патување две недели пред пристигнувањето во Австралија.

Најновото дополнување на визната сага на Ѓоковиќ дојде за помалку од 24 часа откако федералниот окружен и семеен суд ја укина одлуката за укинување на неговата виза и тој се ослободи од имиграцискиот притвор.

Австралискиот Премиер Скот Морисон разговарал со Српската Премиерка Ана Брнабиќ додека владата размислува дали да му ја укине визата на Ѓоковиќ по втор пат.

Доколку се прогласи за виновен поради мамење на пријавата за влез, максималната казна за ова е затвор во траење од 12 месеци.

Во меѓу време светскиот тенисер одржа тренинг на централниот терен на Австралија Опен – „Род Лејвер арена“.

Демонстрантите во Мелбурн ја опишаа тениската ѕвезда Новак Ѓоковиќ како „глобален борец за слобода“ откако ја доби правната битка за виза со австралиската влада. Но, сè уште постои шанса српската тениска ѕвезда да биде депортирана со советот кој го застапува министерството за внатрешни работи, откривајќи дека министерот за имиграција алекс хок „размислувал“ да користи лична моќ да ја откаже визата.

Од министерството за имиграција, денес се огласиле само со кратко соопштение.„Според овластувањата што ги има, министерот Хок, детално ќе го разгледа случајот. Бидејќи случајот се уште е отворен Не е добро да даваме коментари“, порачале од кабинетот на министерот со напомена дека одлуката нема да биде објавена денес.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Локалните власти контактирале со блиски членови на нејзиното семејство, со цел да им се понуди каква било помош доколку им е потребна.

УБИЕЦОТ И ГИ СКРАТИ СОНИШТАТА: Викторија дипломираше на факултет имаше и две сестрички

Младата девојка Викторија Н. која синоќа несреќно го загуби животот во ужасната сообраќајка...

Се бара и еден помлад асистент за данок на добивка, со истите квалификации како и претходникот, со или без работно искуство во струката, и истата плата од нешто повеќе од 30 илјади денари. Тој треба да биде Албанец.

УЈП распишала оглас и за еден виш даночен референт за даночно сметководство, кој треба да има најмалку вишо или средно образование, гимназиско или стручно - економско, трговско или дактилографско и најмалку две години работно искуство во струката. Неговата плата ќе биде 22.739 денари, и тој треба да биде Албанец.

Се бара и еден асистент за анализа на ризик и планирање на контроли, со Економски или Правен факултет, со најмалку една година искуство во струката. Неговата плата ќе биде 33.322 денари, а согласно годишниот план на УЈП тој треба да биде Турчин според етничката припадност.

УЈП ќе прима и помлад систем администратор, со високо образование од областа на електротехниката, компјутерската техника и информатика, или информатка, со или без работно искуство во струката. Неговата плата ќе биде околу 30 илјади денари, а според етничката припадност треба да биде Албанец.

Во Управата ќе се прима и еден помлад даночен оператор во повикувачки центар, со најмалку вишо или средно образование, гимназиско или стручно – економско, стопанско или трговско, со или без работно искуство во струката. Ќе зема плата од нецели 20 илјади денари, а според етничката припадност треба да биде Ром.

Потоа, во огласот се бараат тројца помлади асистенти за услуги во приемна канцеларија, со високо образование од областа на јавната управа и администрација, или правни науки или политички науки, со или без работно искуство во струката. Платата на сите овие тројца нови кадри ќе биде нешто над 30 илјади денари, а согласно годишниот план треба да бидат Албанци.

УЈП вработува и еден самостоен даночен агент за услуги во приемна канцеларија, сонајмалку вишо или средно образование, гимназиско или стручно – економско, техничко или трговско, со најмалку три години работно искуство во струката. Неговата плата ќе биде 29.179 денари, а според етничката припадност треба да биде Србин.

Македонија мајка за Албанците а маќеа за Македонците

Македонските граѓани во својата сопствена држава постанаа граѓани од втор ред! Пред...

Оваа препорака на Комисијата треба да се најде на Кризен штаб во понеделник, а во вторник веќе треба да биде на седницата на Влада.

Скратување на изолација од десет на седум дена, препорача Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести препорачува изолацијата на лица позитивни од Ковид-19...