Новинарите најмногу ги привлече изгледот на екс премиерот, односно тој се појави со безбол капче и очила за сонце, кои не ги тргнал ниту еднаш додека седел во судница.

Објавил: Рејхан Бајрами | 27 јуни, 2019 10:58

ГРУЕВСКИ СО ЛИСИЦИ НА РАЦЕ ПРИВЕДЕН ВО СУД: Со очила и капче во судница во Будимпешта!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски денеска е на судско рочиште во Будимпешта, каде што се одлучува за неговата екстрадиција.

Денеска во Будимпешта се одлучува за екстрадицијата на бившиот премиер Никола Груевски. Унгарските медиуми објавија и фотографии.

Новинарите најмногу ги привлече изгледот на екс премиерот, односно тој се појави со безбол капче и очила за сонце, кои не ги тргнал ниту еднаш додека седел во судница.

Судот во Унгарија одлучува за екстрадицијата на поранешниот премиер Груевски кој избега во Будимпешта во ноември минатата година.

Како што известуваат унгарските медиуми, рочиштето е затворено за медиуми, а деталите ќе се дознаат веднаш по завршувањето.

Република Македонија бараше екстрадиција на Ггруевски за одлежување на двегодишната затворска казна за набавката на мерцедесот во случајот на СЈО, „Тенк“ и за настаните во Собранието од 27 април.

Груевски на фотографиите кои ги објави А1 он е со црно капче и очилата „мајбах’. Никола Груевски е приведен изутринава во Будимпешта по барање на судот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Претставниците од Данска ги поздравиле спроведените реформи во земјава за членство во ЕУ и НАТО, при што потенцирале дека новата данска Влада, како и претходната, високо ги цени достигнувањата на земјава во реформите, како и склучените билатерални договори со соседите.

Османи: Ја очекуваме поддршката од Данска за старт на преговорите

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска оствари средба со...

Според тоа што ни беше укажано од СОЗР тие процедурата ја спроведуваат на идентичен начин и правила кои според нивните кажувања важеле за сите поранешни претседатели.

Антикорупциска: Бараме да се раскине договорот за закуп и за Бранко Црвенковски

Од Државната комисија за спречување на корупција вечерва испратија соопштение во...