Летаа оставки

Објавил: Калина Мартинска | 23 мај, 2024 16:34

Нова оставка во СДСМ – Миле Зечевиќ не е веќе ген-сек на Бихакќа

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Миле Зечевиќ повеќе не е генерален секретар на СДСМ по денешната седница на партијата која доживеа катастрофален пораз на парламентарните избори.

Оставка е одредена и за вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ како секретар за меѓународна соработка.

СДСМ соопшти дека е поднесена оставка од целото раководство на партијата. Оставки нема само уште од членовите на Централниот одбор.

Од вчера претседател на СДСМ повеќе не е Димитар Ковачевски.

„На 23-та седница Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес. Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ. Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ. Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка. Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот. Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите. Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност. Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, соопшти СДСМ.
Види и ова:

Деспотовски најави кандидатура за лидер на СДСМ, задоцнета е оставката на Ковачевски – magazin.mk

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.