Вонреден инспекциси надзор во училиштето “7 март” во Челопек ќе ги одреди неправилностите кои се направени за време на прославата на албанското знаме, потврди министерката за образование. Јаневска откри дека покрај овој случај, документирани се слични настани во уште четири училишта, две во Тетово и по едно во Чаир и Струга за кои инспекторатот допрва треба да постапува.
“Просветниот инспекторат е тргнат во училиштето во Челопек, дополнително имавме пријави за уште две училишта во Тетово, едно во Чаир и едно во Струга. Во сите тие училишта за кои имаме докази, со слики, со пријави, дека се случувал таков немил настан, просветниот инспекторат е на терен и очекуваме да постапат согласно законот” изјави Јаневска.
Според опозициската ДУИ, владата и министерката Јаневска промовираат антиалбанска политика и дискриминација со двојни аршини. Од Мала Речица велат дека во Челопек се промовирале државни симболи и култура, кои власта сакала да ги претстави како провокација, и оти претходно во училиште во Аеродром имало слична прослава на која децата биле облечени во комитска облека.
„Денес, Министерот за образование се заканува со санкции за едно училиште во Челопек, бидејќи децата албанци на културен настан носеле униформи кои ја симболизираат историјата и гордоста на албанскиот народ. Но, кога во едно македонско училиште во Аеродром децата носеа униформи на Комитите и изведуваа воени поздрави, немаше никаква реакција” стои во соопштението на ДУИ.
Просветниот инспекторат утре ќе го посети училиштето во Челопек
Училиштето е место каде треба да се прмовира мутикултурализам и заедништво, а симболите на комитите се дел од Македонската историја, нагласи министерката за образование Весна Јаневска. Но според неа се што е надвор од воспитните праграми ќе се санкционира, што е случај со воспитувачката од училиштето во Аеродром за која веќе се води судска постапка.
“Комитите се дел од историјата на државата Македонија, комитите ги учат по наставните програми. Комити биле и македонци, и албанци, и турци, и други етникуми. Дополнително, направен е силен прекршок, воспитувачката од градинката во Аеродром која ја организирала таа прирерба е отпуштена од работа и сеуште е на суд” нагласи Јанева.
Низата реакции на релација власт и опизиција следат откако на прослава за денот на албанското знам, ученици во училиште во Челопек изведуваа претстава со пушки и други оружје кое за среќа се само реквизити и играчки.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.