Бизнисмени од источна Македонија измамени со илјадници евра

Објавил: Узунов Бобан | 7 август, 2019 16:33

НОВА ФИНАНСКА ИЗМАМА: Бизнисмени од источна Македонија измамени со илјадници евра !

Фото/Текст извор: ©sitel.com.mk/магазин

На повидок мега финансиска измама на истокот од земјата тешка десетици илјади евра. Повеќе граѓани сопственици на фирми пријавиле дека во текот на минатиот месец се измамени од лице кое лажно се преставувал под името Владимир Николовски. Имено под овој псевдоним, измамникот се претставил дека е овластен застапник на реномираната фирма Гемак од Скопје, а при електронската комуникација го искористил и нивното лого.-објави ТВ Сител. 

– Сител Телевизија денес стапи во контакт со вистинските претставници на ГЕМАК, од каде ни беше посочено дека се запознаени со случајот. Велат дека е искористено нивното име и имиџ за да се профитира на нечесен начин, поради што веднаш пријавиле до органите на проговот.

Во еден од случаите, од фирма од Делчево е побарано да им достави 50 тони соино чуспе на 4 наврати. По извршените 3 испораки на роба во вредност од 8 000 евра, сопственикот побарал да му биде платена фактурата како што било договорено, но телефонот на кој претходно комуницирал со измамникот бил недостапен. Откако сфатил дека е измамен пријавил во ПС Делчево.

– Настанот е пријавен во СВР-Штип и веднаш се преземени соодветни мерки и активности за расчистување на случајот- изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР- Штип

Пред некој ден, од свој долгогодишен коминтент од Кочани, разбрал дека неговата роба се продава по половична цена. Изманипулирани се повеќе фирми и за многу повисоки цени, кои допрва ќе треба да се процесуираат. Се шпекулира дека измамникот е во затвор и од таму ја води целата операција, но му помагаат и соработници кои се на слобода. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

-Вечерва имав чест да присуствувам на вечерата во пресрет на Парискиот мировен форум, на покана на францускиот претседател Емануел Макрон.

СЕ СРЕТНАА МАКРОН И ПАНДАРОВСКИ: Вечерва имав чест да присуствувам на вечерата на покана од претседателот Макрон

Македонскиот претседател Стево Пендаровски вечерва присуствува на вечерата пред...

Пендаровски, пред заминувањето во Франција, изјави дека ова е добра прилика од прва рака да слушне  за мотивите на Макрон за одлуката за блокирање на пристапниот процес, но и и за новата методологиија на преговарање.  

Франција до Нова година ќе го ратификува протоколот за НАТО

Претседателот Пендаровски во Париз со збиена агенда. На маргините на Мировниот форум,...

Жали што уште не се сменети азбесните водоводни цевки кои како што вели се смрт за граѓаните , сака да пие кафе со Шилегов затоа што има многу нешта да му каже.

ТРИФУН КОСТОВСКИ за „Лидер“: Се лутиме на ЕУ а нудиме криминал и корупција!

Во ексклузивно интервју за Економски лидер, бизнисменот и екс градоначалник на Скопје...

Момировски изјави дека имаат 24-часовно чување со физичко обезбедување на цистерната со винил хлорид во „ОХИС“. Обезбедено е постојано ладење, секојдневно мерење и се пишуваат извештаи за да се види дали се случува некаква хаварија кај винил хлоридот.

Се уште нема решение за цистерната во ОХИС -граѓаните прават споредба со Чернобил

Надлежните треба да вршат контроли и ако постапките не се спроведени согласно со законот...