Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија ги одреди најновите цени на горивата.
Според одлуката на регулаторите малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит. и со тоа во следните две недели ќе изнесува 71,50 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, дизелот ЕУРОДИЗЕЛ [ Д-Е V ] и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат исти.
Цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 73,00 ден/лит. дизелот ЕУРОДИЗЕЛ [ Д-Е V ] ќе чини 62,50 ден/лит. додека Екстра лесното масло за домаќинство [ ЕЛ-1 ] ќе се продава по цена од 51,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,246 ден/кг и со тоа ќе изнесува 33,651 ден/кг.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.