Македонија
Време
Новата работна недела со нова циклонска активност и студена воздушна маса од север.
Времето утре ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд и снег во пониските места, а на планините
и повисоките места од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и крајните источни
делови (над 25 л/м²) каде на планините ќе се зголеми постојната снежната покривка, а помала снежна покривка ќе се формира и во некои од пониските места. Ќе дува умерен до засилен јужен, а во текот на ноќта засилен северен ветер (над 60км/ч).
Во Скопје, облачно и студено со врнежи од дожд, а во повисоките делови од котлината врнежите ќе преминат во снег, особено попладне. Ќе дува умерен југоисточен, а во текот на ноќта повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -4 до 1°C, а максималната од 1 до 6°C.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Најчитани вести




Останати вести од Време
Најнови вести
Промоција
Тикер вести
You must be logged in to post a comment.