Клаудија Волин, во својот текст додава дека политичарите во Шведска немаат право на пратенички имунитет.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 јуни, 2019 22:05

Новинарка открива како се живее во Шведска – Ова е земја во која политичарите немаат никакви привилегии

Фото/Текст извор: ©ФОТО: МАКФАКС магазин.мк

Клаудија Волин,  е новинарка од Бразил која од 2003 година живее и работи во Шведска. Таа работи на репортажи а токму од неодамна објави една своја репортажа со која го заинтересира светот. Таа  опишува како изгледа животот на политичарите во оваа земја.

 

Шведска е земја која не нуди никаков луксуз или привилегии за своите политичари    ФОТО: Нова Македонија

„Ова може да звучи чудно за луѓето кои живеат во други земји, но Шведска не нуди никаков луксуз или привилегии за своите политичари. Без службени автомобили или приватни возачи, шведските министри и пратеници патуваат во преполни автобуси и возови, исто како и граѓаните чии интереси ги претставуваат“, пишува Волин во својот текст.

Клаудија Волин, во својот текст додава дека политичарите во Шведска немаат право на пратенички имунитет. Таа посочува дека во оваа земја на политичарите може да им се суди како и на секој друг жител. 

„Јас сум оној кој ги плаќа политичарите“, вели Јоаким Холм, шведски државјанин од кого новинарката зела изјава. „Не гледам причина зошто ние како граѓани би им овозможиле луксузен живот“, додава тој.

Политичарите кои ќе се осмелат да трошат јавни пари за такси, наместо за возење со воз, завршуваат на насловните страници на весниците. Дури и претседателот на парламентот добива картичка за користење на јавниот транспорт, пишува Волин, а пренесува порталот „Индекс.хр“.

Волин во својата репортажа открива дека во оваа скандинавска земја само премиерот е тој кој може да користи лично обезбедување и да користи автомобил.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Сменија, продадоа се што можеа да продадат, буквално се се проблематизираше, па до она денеска последното, историјата и јазикот. Да го сопреме губењето на Македонија. Го кажувам ова сега за да немаме дилеми во иднина. Сега е моментот да гласате за Македонија, потенцираше Мицкоски од Штип!

Мицкоски: На 15- ти јули е последната шанса за спас на Македонија

Испраќам порака до вас кои сте разочарани од политичарите, од трулежот на системот,...

Според него, СДСМ скоро никогаш не победувале на избори, но кога ќе ја презеле власта, рече тој, прават национални предавства.

Мицкоски за Сител: Ако случајно дојде СДСМ на власт, тогаш ќе се случи федерализација, а втор чекор целосно уништување

Генерално би издвоил три дела од програмата, ние нудиме 1000 решенија за 1000 проблеми,...

Во нашата кампања промовиравме одлична идеја и голем сон. Сонот за еднаквост, сонот за прв премиер Албанец Македонија, порача Зибери од пред Собранието на Македонија.

ЗИБЕРИ: Наскоро ќе биде избран првиот премиер Албанец.

Денес автобусот „Оствари го сонот“ пристигна и на следната станица, пред Собранието....

Сликата сегде е тажна, мачна, луѓето не се задоволни од секојдневието, не се задоволни од оваа политичка пандемија наречена СДСМ и Заев која трае веќе три години. Но, народот се исправа и сака промени, сака обнова. На 15 јули доаѓа обновата во Македонија, потенцираше Мицкоски!

Мицкоски: Раководство на СДСМ ја донесе Македонија на дното и ја претвори во хибриден режим

Огромна победа е во најава, луѓето се обединуваат околу обновата, луѓето се решени,...