Новинарот и уредник Душко Арсовски е именуван за нов портпарол на Владата, соопштија од владината прес-служба.
Тој е назначен на денешната владина седница, а покрај него, портпарол останува и Муамед Хоџа.
Арсовски е новинар со дводецениско работно искуство, а на јавноста ѝ е познат лице од Македонската радио-телевизија (МРТ), каде од 2012 работи е уредник на надворешна политика, на централниот дневник, а во еден период и заменик главен уредник на информативната програма.
Според биографијата која ја објавија оттаму, Арсовски завршил новинарство на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2001, а во 2017 година станал магистер на „Меѓународни односи – разрешување конфликти“ на Филозофскиот факултет при УКИМ.
Во академската 2003/2004 година бил на стручно доусовршување, во областа на новинарството на Државниот универзитет на Ново Мексико, САД, со стипендија од Стејт Департментот.
Добитник е на наградата на Делегацијата на Европската Унија во Македонија – „Прашање на годината“ во 2005 година, за известувањето од ЕУ самитот во Брисел на кој Република Македонија доби статус земја – кандидат за членство во Унијата.
Во 2006 година добил сертификат од Делегацијата на ЕУ во Македонија за „Специјални достигнувања во известување за прашања поврзани со ЕУ“.
Од 2006 до 2010 година бил член на Извршниот одбор на Здружението на новинарите на Македонија.
Душко Арсовски е роден во 1977 година во Куманово. Активно зборува англиски, бугарски и српски јазик и со основно познавање на грчки и на шпански јазик.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.