
Македонија
Вести
На инаугурацијата на новозибарниот претседател Стево Пендаровски во македонското Собрание присуствуваше и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Вучиќ на средбата со неговиот кмакедонски колега изразил надеж за добра соработка, особено во областа на на економијата.
– Двајцата претседатели ја изразија својата намера да ги развијат врски меѓу двете земји и во сите други области од заеднички интерес и во корист на граѓаните на Србија и Македонија, се наведува во соопштението од Кабинетот на Вучиќ. Во него се посочува дека српскиот претседател му го честитал изборот, со желба за придонес во напредокот на земјата и за развојот на билатералните односи меѓу Србија и Македонија.
Како што се наведува во соопштението, Претседателот од Кабинетот на српскиот претседател, му се заблагодарил на Вучиќ за присуството на инаугурацијата, изјавувајќи дека му е мило што има пријатели во регионот. Пендаровски ја прифатил поканата да ја посети Србија на есен.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.