Од денеска, пациентите во аптеките ќе можат бесплатно да ги земат новите лекови кои се додадени на позитивната листа.
Вклучени се девет нови генерики, односно, вкупно 87 лекови во различни имиња и форми: за висок притисок, срцеви заболувања, анти-агреганси, лекови за третман на депресија и деменција.
На товар на Фондот за здравство ќе бидат антикоангулансите Prasugrel и Ticagrelor, Nebivolol, Perindopril, Valsartan, Fenofibrate, лекови против висок притисок и високи масти, како и Escitalopram, Memantine, Duloxetine, кои се антидепресиви и лекови за третирање деменција.
Нови лекови очекуваат и болните од рак, пациентите со хемофилија, леукемија, дијабетес, кои се надеваат дека нема да бидат заборавени. Проценките на здравствените власти дека последното проширување на листата ќе го чини ФЗОМ милион евра на годишно ниво.
Од Владата велат дека со ова проширување од 9 нови лекови, значително ќе се намали бројот на пациенти кои приватно плаќаа за лекови.
-Воедно, ова проширување на позитивната листа е само почеток. Се очекува следното ново проширување на позитивната листа да биде кон крајот на декември.
Граѓаните конечно добиваат посовремени и поевтини лекови на рецепт и тоа на товар на државата, наместо истите да ги купуваат од сопствените џебови прескапо, а често и од соседните земји, порачаа меѓу другото од „Илинденска бр.2“.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.