
Живот
Интервју
Имаме предвид дека многу од нашите граѓани се на одмор, а други допрва треба да одат. Не сакаме да им предизвикаме дополнителен финансиски трошок, изјави Филипче вчера за Сител!
Новите мерки за влез и излез од државата нема да важат од утре ниту од задутре, туку ќе има разумен рок – дали тоа ќе биде една недела или десетина дена, ќе соопштиме утре, изјави вечерва министерот за здравство, Венко Филипче.
„Имаме предвид дека многу од нашите граѓани се на одмор, а други допрва треба да одат. Не сакаме да им предизвикаме дополнителен финансиски трошок“, рече тој во интервју за ТВ Сител, објаснувајќи ја мерката.
„Странските државјани и нашите ќе треба да приложат ПЦР-тест не постар од 72 часа, сертификат дека ја прележале болеста стар 45 дена или потврда дека се вакцинирани. Притоа, за децата нема да важи задолжителен ПЦР-тест“, рече тој.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.